За многумина можеби ова јадење е познато како посна „Попареница“ кое се приготвува за време на постите, зашто е исклучтелно здравно и вкусно, а многу брзо се приготвува. Едноставно, се мешаат состојките, а потоа се става да се испече. Може да се послужи за ручек, за појадок или вечера, а може да биде предјадење или закуска за помеѓу оброците. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (рецепт на Валентина Машковиќ): 250 г пченкарно брашно, 150-200 г остро пченично брашно, 2 мали лажички морска сол, 1 мала лажичка сода бикарбона, 1 литар вода + 150 мл вода по потреба, 50 мл масло. ЗА ФИЛ: 3 страка праз, 3 кисели пиперки, 500 г спанаќ, масло, сол, црн пипер, лук, маргарин или масло за премачкување.




ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете литар млака вода (или на собна температура), додајте две лажички сол, приближно 50-тина мл масло за готвење, една полна мала лажичка сода бикарбона и сето тоа измешајте го со кујнска маталка или лажица/шпатула.




Потоа преку сито додајте 250 г пченкарно брашно, 150 грама пченично остро брашно (по потреба додајте уште 50 г или повеќе). Брашното соединете го со течните состојки мешајќи со маталката, додека да добиете смеса малку погуста од онаа за палачинки (како густ, полутечен јогурт).




Откако ќе го изедначите тестото, да нема грутчиња, оставете го настрана за да набубри брашното, а за тоа време пригответе го филот. Доколку во меѓувреме смесата стане прегуста, додајте малку вода за да ја разредите. Како што кажавме на почетокот, треба да биде нешто погуста од онаа за палачинки.




ЗА ФИЛ: Три големи страка праз исчистете ги и ситно исечкајте ги. Во тава со загреано масло пропржете го празот, па додајте ситно исечакни три кисели пиперки (од туршија), а ако немате, изоставете ги или ставете обични пресни пиперки.




Откако празот ќе се издинста заедно со пиперките, додајте половина килограм исчистен спанаќ. Во оригиналниот рецепт се става ливадско зелје, но може да ставите спанаќ, блитва или некој друг темнолистест зеленчук. Кратко пропржете колку спанаќот да омекне и вклучете ја рерната да се загрева на 200 степени.




Филот зачинете го со рамна лажичка сол или по вкус, црн пипер и малку лук во прав или ситно исечкан свеж лук. Оставете да се олади. Тепсија со средна големина (32 см) ставете ја во рерната да се загрее (без масло, без ништо во неа). Топлата тепсија извадете ја и премачкјате ја со маргарин.




Веднаш во неа турете 2.5 кутлачи од смесата со брашно (како за палачинки), во тенок слој. Вратете во топлата рерна на 200 степени малку да се потпече на средишниот дел. Потоа извадете ја и преку површината премачкјате ја кората со маргарин или маргарин. Потоа распоредете третина од филот и одозгора прелијте со 2-3 кутлачи тесто.

Вратете во топлата рерна, но овојпат тепсијата ставете ја на горната решетка или што поблиску на горните греачи (да се пече горниот дел). Потоа, штом повторно фати коричка, извадете ја питата и одозгора премачкајте ја со маргарин и повторете ја постапката: распоредете третина фил, па неколку кутлачи од смесата за палачинки.

Кога ќе ви се потроши материјалот (4 слоја тесто и 3 слоја фил), вратете ја питата во рерна да се допече убаво, па кога ќе ја извадите повторно премачкјате ја одозгора со маргарин, оставете малку да подизлади. за оние што не постат водата заменете ја со млеко, а во филот може да додадете сирење. Деталите погледнете ги ОВДЕ.