Солените топчиња кои се послужуваат како предјадење на трпезата, се секогаш впечатливи поради нивниот декоративен изглед и секој ги пробува, па затоа брзо и се јадат, но и заситуваат. Даниела од каналот „Лесно е да се готви“ презентираше интересна идеја и подготви 6 различни видови солени бомбици од една смеса.




„Ако сте во вечна дилема што да подготвите за посната слава, ова е мојот предлог за брзинско, вкусно и декоративно предјадење. Комбинирајте ги состојките за основната смеса како што е напишано подолу или по ваша желба“, вели Даниела. Еве што ви е потребно за основната смеса:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ОСНОВНА СМЕСА: 800 г компири, 1 лажичка сол по вкус, лук во гранули по вкус, мелен црн пипер и 1 мала кесичка посен мајонез од 95 грама. Количината на компирите може да ја прилагодите по потреба.




ПОСТАПКА: Компирите измијте ги, излупете ги, па исечкајте ги на коцки и ставете ги да се готват во тенџере со солена вода. Покријте го тенџерето со соодветен капак, за да го забрзате процесот на готвење на компирите. Кога компирите ќе омекнат, тргнете ги сосе тенџерето од рингла и процедете ги од водата, па изладете ги.




Излупете ги и испасирајте ги со специјална кујнска алатка или со виљушка. По вкус додајте сол, во рецептот се додава 1/2 лажичка сол, потоа додајте лук во гранули или 1-2 чешниња лук, поминати низ преса. Додајте малку црн пипер и други зачини по вкус, па на крај ставете го посниот мајонез и соединете во хомогена смеса. Пробајте ја основната смеса и по потреба додајте уште зачини. Јас додадов уште малку сол.




Поделете ја смесата на 4 еднакви делови, во различни помали садови, од 200 грама. ЗА ПРВАТА СМЕСА: 50 г мелени печени кикирики малку во смесата а остатокот за виткање. ПОСТАПКА: Кикириките сомелете ги во блендер, па додајте 3 лажици во поделената смеса и фино измешајте. Обликувајте топчиња со големина по ваша желба и кога ќе ги формирајте, валкајте ги во кикирики и редете ги на една подолга чинија.




ЗА ВТОРАТА СМЕСА: 50 г мелени крекери. ПОСТАПКА: Се подготвуваат на ист начин како и бомбиците со мелени кикирики. Од оваа смеса искористете половина, а во другата половина направете ги третите бомбици. ЗА ТРЕТАТА СМЕСА: Додајте пржен сончоглед на половина од смесата број 2 (1-2 лажици), формирајте топчиња и тркалајте ги во сончогледот. Овие бомбици се мешавина од крекери и сончоглед, изгледаат многу декоративно.




ЗА ЧЕТВРТАТА СМЕСА: 50 г печен сусам. На половина од смесата број 4 додајте 1 лажица кечап, а во сусамот за виткање малку мелен црвен пипер. Ова е за петтата смеса. ПОСТАПКА: Четвртиот вид на бомбици направете ги на ист начин, како претходно, а на половина од смесата додајте 1 лажица кечап, а во преостанатиот сусам кој е потребен за валкање на топчињата, додајте мелен црвен пипер и измешајте.




ЗА ШЕСТАТА СМЕСА: 30 г црвена зачинска пиперка (лута/блага). ПОСТАПКА: Малку додајте во смесата, а малку сочувајте за валкање на бомбиците. Бомбиците може да ги ставите да отстојат во фрижидер додека да ги послужите, за малку да се стегнат. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.