Одамна го имам запишано овој рецепт, но никако да го испробам. Често налетувам на слични кифли наречени „купус кифли“ или „зелка кифли“, па одлучив да ги испробам овие моите, но и да ги приготвам според рецептот на Том Филос, па да направам споредба.

„купус кифли“ – Том Филос




И едните и другите се неодливо вкусни, брзо се прават и многу лесно, а изгледаат како да се излезени од најскапиот млечен ресторан. Многу сум задоволна со ова печиво, па топло ви го препорачувам рецептот да го испробате и вие. Еве што ви е потребно:




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг меко брашно тип 400, 300 мл млако млеко, 200 мл млака вода, 2 лажички шеќер, 40 г свеж квасец (1 коцка), 1/2 кесичка прашок за печиво (5 г), 200 мл масло, 1 лажица сол.

ЗА ФИЛ: 200 г маргарин за мачкање на кората, 3 жолчки, 1 лажица сол, по желба: 300 г фета сирење или 200 г рендан трапист или шунка, кулен и сл. За премачкување: 2 белки и сусам, ким по желба

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (Том Филос): 500 г брашно, 220 мл млако млеко, 1 јајце, 1 лажица масло, 1 лажичка сол, 1 лажичка шеќер, 1 лажичка сув квасец. За премачкување на кората 125 г омекнат путер. За премачкување на кифлите: 1 жолчка со малку млеко.




ПОСТАПКА за рецепт 1: Во малку топло млеко ставете шеќер и додајте квасец. Почекајте 10-тина минути да се активира и да запени. Во сад за месење додајте го брашното и сите останати состојки, како и стасаниот квасец, па замесете мазно тесто кое не се лепи за раце.




Не треба многу да се меси, бидејќи ќе биде жилаво. прекријте го со крпа и оставете го еден час да стасува додека да го удвои волуменот. Пригответе го филот: пенасто изматете го омекнатиот маргарин/путер со жолчките и додајте сол.

Сирењето изронете го, а по желба можете да приготвите и рендан кашкавал, шунка или нешто друго по ваш вкус. Обично половината ја филувам со сирење, а половината со рендан кашкавал, шунка или нешто сувомеснато што имам во фрижидер.




Тестото поделете го на 2-3 делови, па секој дел развлечете го во правоаголник со дебелина од приближно 3 мм. Преку целата површина тестото премачкјате го со половина (или третина) од маргаринот, наросете сирење/кашкавал/шунка. Свиткајте во ролат и спојте ги краевите, па со рацете малку развлечете го ролатот.




Сечете триаголници цик-цак со нож или тацна од шолја за кафе, со широчина приближно 2 см. Наредете ги на намастен плех и оставете ги 10-тина минути на топло. Постапката повторете ја и со другото тесто. Загрејте ја рерната на најсилно, па намалете на 200 степени. Кифлите премачкјате ги со изматени белки и наросете сусам или ким. Печете ги додека убаво да заруменат. Еве ја и постапката на Том Филос:




ПОСТАПКА за рецепт 2: од сите наведени состојки замесете средно меко тесто кое не се лепи за рака. Покријте го и оставете го да стасува 45 минути додека да го удвои волуменот. Тестото истресете го на работна површина, малку премесете го, покријте го и оставете го 10-тина минути да одмори.




Потоа развлечете го во една голема, тенка кора со правоаголен облик и преку целата површина премачкјате ја со омекнат путер (125 г). Од долгата страна внимателно свиткате го ролатот и уште малку со дланките издолжете го и спојте ги краевите. Отстранете ги крајчињата, па исечете ги триаголните цик-цак.




Секој триаголник одозгора низ средината притиснете го со дрвено стапче за ражнич и редете ги во плех обложен со хартија за печење. Покријте ги со кеса и оставете ги 20 минути. Одозгора премачкјате ги со разматена жолчка +1 лажица млеко, па ставете да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, 20 минути. Деталите погледнете ОВДЕ.