Колачите со јаболка, кои одозгора се прелиени со шербет се чини дека се најбараните вкусни колачи кои се правеле децении наназад, а многу се јадат и денес. Домашните колачи со јаболка никогаш не изневериле, бидејќи кој рецепт и да го имате, е превкусен, кај овие колачи нема утка.




Според рецептот на Гордана Горде ќе ви претставиме еден совршен старински начин за приготвување на посен колач со јаболка. И мирис и вкус, кога ќе го направите домот ќе ви замириса како да сте испрскале со овошен освежувач. Вкус кој се памти, а подготовката е многу лесна. Јас го направив според овој рецепт утрово, а попладнето кога се вратив од работа, веќе немаше ни трошка, целиот го изеле домашните, па го правев одново.

Фото и рецепт на Гордана Горде




Од неколку состојки ќе добиете многу вкусен и сочен колач, а сите што го пробале се увериле во неговиот одличен вкус. Во продолжение прочитајте го рецептот на Горде и рецептот на Драган за највкусните колачи кои сите ги сакаат. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 15 лажици шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 20 лажици вода, 6 јаболка, 250 г гриз, 1 лажичка сода бикарбона, 20 рамни лажици брашно, 1 кесичка прашок за печиво, 100 г сечкани ореви, 100 г суво грозје. ЗА СИРУП: 500 г шеќер, 500 мл вода.

Фото и рецепт на Гордана Горде




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 4 рендани јаболка, 10 лажици мелени ореви, 2 чаши вода, ¼ чаша масло, 15 лажици шеќер, брашно по потреба, 2 прашок за печиво и ½ лажиче сода бикарбона. ЗА СИРУП: 20 лажици шеќер, 1,5 чаша вода, 2 лажици рум и карамел за премачкување одозгора. За мерење се користи чаша од 250 мл.




ПОСТАПКА (ПРВ РЕЦЕПТ): Во сад се ставаат 15 лажици шеќер, па се додава 2 кесички ванилин шеќер и 20 лажици вода. Јаболкате се лупат и чистат, па се рендаат и се додаваат во смесата од суви состојки. Се меша со лажица и се додава 250 г гриз, 1 лажичка сода бикарбона, 20 рамни лажици брашно, прашокот за печиво.




Се соединуваат состојките, па се додаваат ситно сечканите ореви и 100 г суво грозје (претходно можете да го натопите во вода, рум или сок, па кога ќе набубри за 10-тина минути да го исцедите). Убаво соединете во еднолична смеса и тортата печете ја во претходно загреана рерна на 200 степени околу 30 минути (зависно од рерната).

Фото и рецепт на Гордана Горде




ЗА ШЕРБЕТОТ: Помешајте 500 г шеќер и 500 мл вода и почекајте да зоврие, а шеќерот да се стопи. Тортата треба да биде млака пред да се прелие со шербетот, а и тој треба да биде млак, не премногу врел. По желба може да се стави и цимет во смесата.




Јас печев во тепсија 40х25 см, може и во помала за да ви дојде тортата повисока. Фото и рецепт на Гордана Горде. Во продолжение прочитајте го рецептот на Драган за колач со јаболка, одозгора прелиен со шербет, прсти да излижеш.




ПОСТАПКА (ВТОР РЕЦЕПТ): Јаболката се мијат, се лупат и рендаат. Им се додаваат десет лажици мелени ореви, 2 чаши вода, ¼ чаша масло и 15 лажици шеќер. Се меша со лажица. Потоа, во добиената смеса постепено се додава брашно додека да се добие средна густина.

Фото и рецепт на Драган Страшеноски

Се промешуваат и двата прашоци за печиво и половина лажичка сода бикарбона. Смесата се излева во плех обложен со хартија (со средна величина) и се става да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени со вентилатор, околу 40 минути.

За сируп: Во тенџере ставаме 20 лажици шеќер и налеваме една и пол чаша вода. Ги зовриваме. Откако ќе го тргнеме тенџерето од оган му додаваме 2 лажици рум. Печената кора ја вадиме од калапот и ја ставаме наопаку. Ја сечеме на коцки и налеваме топол шербет на ладна кора. Врз сето тоа премачкуваме карамел. Фото и рецепт на Драган Страшеноски.

Фото и рецепт на Драган Страшеноски