За само половина час ќе имате многу вкусен оброк на трпезата што ќе го приготвувате секој втор ден. Запишете си го рецептот за најдобрата пита со спанаќ и сирење, богата, сочна и крцкава истовремено, вистинска рапсодија од вкусови. Се подготвува со готови кори, многу лесно и едноставно.




Оваа пита е за сите домаќинки кои немаат искуство со развлекување на тесто, или пак, немаат многу време, а сакаат да приготват навистина вкусна и квалитетна пита. Приготвена на овој начин изгледа како тукушто да сте ги развлекле од домашно тесто, излегува мека и сочна. Еве што ви е потребно според рецептот на Полимка, најдобриот рецепт досега од сите испробани:

пита со сирење и спанаќ – Полимка




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г готови кори за пита, 3-4 јајца, 1 чаша (од 200 мл) јогурт, 1 чаша масло, 1 чаша газирана вода, 1 чаша брашно (пченично), 1 кесичка прашок за печиво (10 г). ЗА ФИЛ: 200 г ситно сирење и урда, 300 г обарен и исечкан спанаќ, сол по вкус

пита со сирење и спанаќ – Полимка




ПОСТАПКА: Најпрво се приготвува првиот фил за премачкување на корите: во еден подлабок сад изматете три јајца (или четири ако се поситни), па додајте 1 чаша јогурт, 1 чаша масло за готвење, 1 чаша газирана вода, 1 чаша пченично брашно и 1 кесичка прашок за печиво, како и половина лажичка сол.

пита со сирење и спанаќ – Полимка




Прашокот за печиво најдобро е да го додадете непосредно пред употребата на филот, односно пред самото премачкување на корите, зашто ќе запени и доколку подолго време стои, би можело да го изгуби дејството. Направете го и фториот фил за полнење на питата:

пита со сирење и спанаќ – Полимка




Сирењето иситнете го, па додајте го спанаќот (јас обично користам смрзнат спанаќ кој претходно го одмрзнувам и добро го исцедувам од водата), па додајте 3 супени лажици од претходната течна смеса. Посолете по вкус и добро промешајте.

пита со сирење и спанаќ – Полимка




Отворете ги корите и пребројте ги за да знаете колку ролати проближно ќе правите за да го распоредите и филот. Јас обично виткам по две кори, зашто сакам питата да ми биде потенка. Поставете ја првата кора и премачкјате ја со четка со првиот фил, преку целата површина. Доволно се 2 лажици од филот.




Преку првата кора поставете ја втората кора, па повторно премачкјате ја со филот, па на едниот крај наредете фил од спанаќ и сирење, па свиткајте во ролат. На ист начин свиткајте ги сите ролати и наредете ги во плех обложен со хартија за печење.




Одозгора премачкајте ги со преостанатиот фил (првиот) и наросете ги со сусам по желба, оставете ги 10-тина минути малку да омекнат (додека се загрева рерната), па исечете ги на парчиња со големина по ваша желба (не мора да ги сечете) и ставете да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени додека да добијат златножолтеникава боја. Рецепт на Дана – Полимка.