Не сум некој љубител на лебови со лук и зачини, но морам да признам дека откако го испробав рецептот на Верица Николиќ бев пријатно изненадена, а моето воодушевување го пренесов и во пракса, па речиси секој ден почнав да го приготвувам.

Лиснат леб со зачини: Фото и рецепт на Верица Николиќ




Лиснат леб со зачини: Фото и рецепт на Верица Николиќ

Мислам дека нема потреба лично да ви го фалам рецептов, ќе се уверите во неговата вкусност и откако сами ќе го приготвите, како што се уверија и сите мои пријатели. Буквално сите се восхитени, како од вкусот, така и од неговата едноставна подготовка. Да не должам, еве кои состојки ви се потребни за да го направите овој превкусен „книга-леб“ според рецептот на Верица Николиќ, ќе уживате во секој залак:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за тесто): 500 г брашно, 2 лажички сол, 2 лажички шеќер, 300 мл вода, 1/2 коцка свеж квасец (20 г), 100 мл масло за готвење. Состојки за премачкување на тестото: 100 г омекнат путер, 1 лажичка лук во прав, 1 лажичка сув рузмарин, 1 лажичка сув босилек, 1 лажичка сув магдонос. За премачкување на лебот: 1 јајце




ПОСТАПКА: Во топла вода растворете една лажичка шеќер, изронете половина коцка свеж квасец, промешајте и оставете 5-10-тина минути на топло место додека да се активира и запени. Во подлабок сад просејте го брашното и помешајте го со сол и шеќер.




Во средината од брашното направете вдлабнатина-бунарче, па тука ставете го маслото и активираниот квасец. Замесете го тесто со постепено додавање на остатокот од топла вода додека да стане комапкно.

Лиснат леб со зачини: Фото и рецепт на Верица Николиќ




Истресете го на набрашнета работна површина и рачно убаво изработете го додека да стане мазно, но и натаму меко по густина. Обликувајте го во топка и вратете го во садот, наросен со малку брашно за да не се лепи при стасувањето.




Покријте го со кеса, стреч-фолија или кујнска крпа и оставете го тестото да ферментира додека да ја удвои својата величина околу половина час до еден час во зависност од температурата на просторијата. За тоа време пригответе ја мешавината за премачкување на тестото.




Во еден помал сад ставете го путерот, па додајте ги сите наведени зачени и со виљушка убаво соединете. Путерот треба да биде добро омекнат, но не течен, туку да може лесно да се мачка врз тестото.

Лиснат леб со зачини: Фото и рецепт на Верица Николиќ




Калап за леб со димензии 30 см х 12 см х 8 см обложете го со хартија за печење, па стасаното тесто префрлете го врз набрашнета работна површина и развлечете го во кора со величина 40 см х 40 см. Преку вела површина премачкјате ја кората со путерот и билките. Исечете ја на шест надолжни ленти, а секоја лента исечете ја попречно на пет дела.




Сега редете по три исечени делови еден преку друг, па префрлете ги во калапот исправено, редејќи ги еден покрај друг. На овој начин ќе го исполните целиот калап. Лебот прекријте го со кујнска крпа и оставете го повторно да стасува.

Лиснат леб со зачини: Фото и рецепт на Верица Николиќ

Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени. Стасаниот леб премачкајте го со изматено јајце и наросете го со семки по желба. Печете го приближно 35 минути или во зависност од вашата рерна, додека да зарумени. Рецепт на Верица Николиќ