Ако некогаш сте правеле крофни и ви излегле жилави или многу масни, тогаш грешката е во самиот рецепт. Иако се познати состојките од кои се замесува тесто за крофни, понекогаш е важно и самиот редослед на додавање, а и нежноста при месењето на тестото.




За овој рецепт има многу позитивни коментари и сите велат дека се многу убави, можеби и најубавиот рецепт за домашни крофни. „Мајка ми ги правеше овие крофни и рече дека поубави не јадела, а и јас исто. Мајка ми испробала доста рецепти, но овој е екстра. Единствено што таа би сменила во рецептот, е тоа што би додала повеќе ванилин шеќер или ванилин екстракт.”




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г брашно, 150 мл млако млеко, 5 лажици шеќер, 75 г омекнат путер, 1 кесичка инстант квасец (7 г), 2 цели јајца, 2 жолчки, половина лажичка сол, мармалад по желба за полнење.




ПОСТАПКА: Млекото, јајцата и путерот оставете ги да отстојат на собна температура минимум 1 час пред да почнете со подготовката. Во еден сад ставете го млекото и во него додајте 1 лажица шеќер и 7 г квасец. Измешајте ги состојките и почекајте млекото да запени.




Во друг сад ставете го брашното и на средина направете вдлабнатина, и во неа додајте ги останатите 4 лажици шеќер со половина лажичка сол. Измешајте ги нежно сувите состојки, па додајте ги јајцата со жолчките. Целата смеса се соединува прво на средина додека да се разредат јајцата.




Омекнете го путерот да добие течна агрегатност и ставете го во јајцата. Потоа додајте го запенетиот квасец и започнете да го замесувате тестото. Тестото треба да биде нелепливо, компактно и меко. Кога ќе го замесите покријте го со фолија и оставете да нарасне 1 час на собна температура или во некоја топла просторија.




По изминатото време повторно замесете го уште малку, па префрлете го на работна површина, па уште малку затегнете го. Исечкајте 15 квадрати од хартијата за печење. Тестото поделете го на 15 еднакви делови и секој дел формирајте го во топче кое ќе го ставите на хартијата за печење и потоа малку ќе ги притиснете со раце. Вака подготвените теста редете ги на плех.




Покријте го плехот со тестото одозгора со крпа и оставете да се удвојат уште 45 минути. Доколку крофничките сакате да ги полните со мармалад или некој друг фил, тоа направете го додека ги вадите топчињата така што на средина ќе ставате од филот, а потоа ќе го затворите тестото по страните и ќе формирате топче.




Важно е со тестото да работите нежно, како да е жива материја, а истото важи и при пржењето. Вака подготвените крофнички се пржат по неколку во длабоко загреано масло на ниска температура.

Не мора да ги потонете во длабокото масло, доволно е тоа да стигнува до половина од тестото. Крофничките пржете ги на умерена температура, прво од едната, па од другата страна, а потоа вадете ги на хартија за да се исцедат од вишокот масло и малку да се оладат.

Ќе забележите дека крофничките ќе имаат кафеави прстенести глави, а средината ќе биде бела, како да ги насликал некој уметник. На крајот наросете ги со шеќер во прав и послужете ги. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.