На едно од патувањата надвот од државата ги купив овие карамел коцкички и многу ми се допаднаа. Според составот на амбалажата прочитав дека се направени од едноставни состојки, па помислив дека лесно ќе успеам да ги направам и во домашни услови. Речено, сторено.

рецепт 2




Инаку овие карамел коцки познати се и под името „Millionaire’s shortbread“ и се подготвуваат со подлога од путер-тесто наместо од мелени бисквити како што е случај со мојот рецепт“, вели Татјана Чукиќ, објаснувајќи го едноставниот рецепт за овие превкусни колачи, а во продолжение прочитајте ги двете варијанти. Еве што ви е потребно:

Рецепт 1: карамел коцки – Татјана Чукиќ




РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г мелени бисквити, 70 г путер, неколку лажици млеко. ЗА КАРАМЕЛ: 200 г шеќер, 2 супени лажици вода, 200 мл слатка млечна павлака, 10 г путер, одокативно. ЗА ГЛАЗУРА: 100 г фино млечно чоколадо и 1 лажица масло.

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (подолу има видео-презентација): 2 чаши сенаменско брашно (240 г), 1 чаша путер на собна температура (226 г), 1/2 чаша шеќер (100 г), 1 жолчка, 1 лажичка ванилин екстракт, 1/2 лажичка сол.

ЗА КАРАМЕЛ: 1 конзерва од 396 г (310 мл) кондензирано млеко, 1/2 чаша путер (113 г), 1 чаша кафеав шеќер (200 г), 1/4 чаша пченкарен сируп или малтекс (60 мл), 1 лажичка ванилин екстракт, 1/2 лажичка сол. ЗА ГЛАЗУРА: 1 1/2 чаша чоколадо за готвење, 80 мл слатка павлака, 1 прстофат сол за наросување одозгора

рецепт 2




ПОСТАПКА за рецепт 1: Путерот растопете го во микробранова печка или на многу тивок оган, па истурете го во мелените бисквити и соединете. Додајте неколку лажици млеко по потреба за да добиете смеса која лесно се обликува, а не се рони премногу (како подлога за чизкејк).




Помал плех со димензии 8х20 см обложете го со хартија за печење и во него развлечете ја смесата од кекси, да биде со дебелина од 1 см. Добро израмнете со дланка или дното на некоја чаша, па оставете да стои во фрижидер додека го приготвувате карамелот.




За карамел: шеќерот и водата ставете ја на оган и карамелизирајте до златна боја. По потреба промешувајте, па потоа тргнете го тенџерето од оган. Додајте го путерот исечкан на помали коцкички, па вратете на оган и гответе додека убаво да згусне.




Готовиот карамел премачкјате го преку кората од кекси. Оставете да се олади на собна температура. Чоколадото растопете го на пареа, додајте масло и глазурата прелијте одозгора. Оставете да се олади, па сечете на коцки 3х3 см. Постапката за вториот рецепт:




ПОСТАПКА за втор рецепт: вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени и плех со димензии 23х23 см обложете со хартија за печење. Пенасто изматете го путерот кој претходно омекнал на собна температура, па додајте шеќер и сол и повторно изматете додека да стане нежно кремаст.




Додајте екстракт од ванила и жолчка од јајце, па измиксајте додека да се инкорпорира. на неколку наврати додајте го брашното и соединете додека да добиете убаво, комапктно тесто. Префрлете го во приготвениот плех и распоредете го рамномерно. Ставете да се пече во загреаната рерна 22 минути или додека да добие златна боја.




Додека се пече основата вие пригответе го карамелот: во еден сад ставете путер, шеќер, сол, ванила, засладено кондензирано млеко и пченкарниот/златен сируп. Загревајте на умерена температура додека да се растопат состојките и да се соединат. Мешајте непрекинато, па кога ќе ја достигне посакуваната боја и ќе се формираат меури, вашиот карамел е готов.

рецепт 2




Прелијте го преку испечената основа, израмнете и оставете да се олади 10-тина минути. Чоколадото растопете го заедно со кремот, но внимавајте да не ви зоврие. Измешајте и прелијте ја глазурата-ганаш (по желба наросете прстофат кошер сол). Оставете да се олади па сечете коцки. Деталите погледнете ги ОВДЕ.