Ако се подготвувате за домашна посна слава, тогаш запишете си го овој одличен рецепт на Верица Николиќ. Ролатите се многу вкусни и декоративни, па така, може да направат за предјадење или за свечен посен ручек. Филот кој се користи за ролатите може да се употреби и како самостојна салата. Еве што ви е потребно:
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г тенки кори за пита. СМЕСА за премачкување на корите: 200 мл газирана вода на собна температура, 20 г свеж квасец, 5 супени лажици брашно, 3 супени лажици пченичен гриз, 150 мл масло за готвење, 1 мала лажичка сол, 1 мала лажичка шеќер
ЗА ФИЛ: 200 г печени пиперки, 200 г маринирани шампињони, 200 г кисели краставички, 200 г морков, 3 чешниња лук, 200 г посен мајонез, 100 г растителен кашкавал, 1 мала лажичка мелен црн пипер, сув растителен зачин по вкус
ПОСТАПКА за приготвување на смесата за премачкување на ролатот: газираната вода ставете во соодветен подлабок сад. Изронете го квасецот и со кујнска жица изматете за да се растопи квасецот.

![]()
![]()
![]()
![]()
Потоа додајте масло и промешајте. На крај додајте мепавина од брашно, гриз, шеќер и сол. Добро изматете за да нема грутчиња и состојките да се растворат, па покријте и оставете да ферментира 15 минути. Смесата поделете ја два дела, а исто така и корите (за да се добијат два ролати).

![]()
![]()
![]()
![]()
Дното на големиот плех од рерна обложете го со хартија за печење. Земете ја првата половина од корите и започнете со редење. Ставете една кора во плехот и прелијте ја со три полни супени лажици од смесата за премачкување, па со силиконска четкичка премачкјате преку целата површина.

![]()
![]()
![]()
![]()
Потоа ставете ја втората кора, па и врз неа ставете прелив и премачкјате ја преку целата површина. Постапката продолжете ја на истиот начин додека да ги наредите сите кори од првата половина. Исто така, премачкјате ја и последната кора.





Вака премачканите кори оставете ги да одморат половина час за да омекнат и да го впијат преливот. Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени и ставете ги корите да се печат 15-тина минути. На работната површина поставете еден поголем лист хартија за печење во кој ќе завиткате печената кора.
![]()
![]()
![]()
![]()
Кога површината на корите ќе зарумени, извадете го плехот од рерна и со остар нож потсечете ги крајчињата на кората 1 см за полесно виткање. Кората, со помош на хартијата врз која се печеше, префрлете ја превртено врз новата хартија и свиткајте ја во ролат. Оставете да се олади, а на ист начин пригответе ја и втората кора.
![]()
![]()
![]()
![]()
ЗА ФИЛ: Исчистените печени пиперки добро исцедете ги и ако е потребно дополнително со хартиена салветка впијте го вишокот сок, па исечкајте ги на ситни коцкички. Морковот исчистете го и сварете го. На ситни коцкички исечкјате ги маринираните печурки, киселите краставички (со рака добро исцедете ги), сварениот морков и лукчето.
![]()
![]()
![]()
![]()
Исечканиот зеленчук ставете го во соодвете сад. Додајте мелен црн пипер и сув зеленчуков зачин по вкус. Промешајте па додајте го мајонезот. Повторно промешајте за да се соединат сите вкусови. Добиената смеса поделете ја на половина, за двата ролата.
![]()
![]()
![]()
![]()
Одвиткајте ја првата кора од хартијата за печење и премачкјате ја со половина од филот. Добро распоредете преку целата површина, па повторно свиткајте во ролат и префрлете го врз тацна за послужување.
Истата постапка повторете ја и со втората кора, но сега преку филот крупно изрендајте кашкавал, па дури потоа свиткајте го ролатот. Оставете ги ролатите преку ноќ во фрижидер, а следниот ден исечете ги на парчиња со големина по ваша желба (одлично се сечат). Рецепт на Верица Николиќ.











