Турските пити се познати во светот по својата вкуснотија и секогаш се иновативни кога станува збор за нови, подобрени верзии на старите рецепти за солени или слатки печива. Овојпат ви го претставуваме рецептот на Фатма за брза и лесна подготовка на пита со готови кори, за кој таа тврди дека буквално секој што ја пробал веднаш и го побарал рецептот.
На сите им е познато како се приготвува пита со готови кори, но тајната за успешноста на Фатма се крие во преливот со кој таа ги залива корите. После печењето питата е мека како сунѓер, но однадвор има тенка, крцкава коричка. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г готови тенки кори за баклава (вкупно 28 листови) и масло за премачкување на корите. ЗА ФИЛ: 3 компири со средна големина, 6-7 лажици масло за готвење, 1 главица кромид, по 1 лажичка од: доматна паста, сол, црн пипер, кајенска пипер. ЗА ПРЕЛИВ: 125 мл млеко, 125 мл масло, 1 јајце, 1 лажичка сол, 200 мл газирана вода
ПОСТАПКА: Најпрво пригответе го филот. Сварете ги компирите и испасирајте ги како пире. Настрана ситно исечкајте го кромидот, па издинстајте го на 6-7 лажици масло. Кога ќе омекне додајте доматна паста и гответе уште малку, па додајте ги зачините.
Посолете, добро промешајте, па вака приготвениот кромид заедно со маслото додајте го во пирето. промешајте додека да се впие во компирот и да се инкорпорира целосно. Филот е спреман, па на ред е да го подготвите преливот.
ЗА ПРЕЛИВ: Во подлабок сад ставете млеко, масло, јајце и сол, па со кујнска маталка измешајте додека да добиете изедначена смеса. На крај додајте една чаша газирана вода. Промешајте за да се соедини.
На работната маса отворете ги корите и пребројте ги. Во зависност од тоа колку листови имате, направете план како ќе ги поделите. Во принцип, турките пакувања содржат 28 тенки листови, па за оваа пита се користат по 4 листови за 7 ролати. На работната површина ставете една кора и со четкичка премачкјате ја со малку масло преку целата површина.
Врз неа ставете ја втората кора, па и неа премачкајте ја со масло. Преклопете со третата кора, а неа премачкјате ја со неколку лажици од приготвениот прелив. Најпосле ставете ја четврттата кора. Премачкјате ја со преливот исто како претходната, па на едниот крај ставете фил и свиткајте во ролат.
Постапката повторете ја со сите останати кори: две кори се премачкуваат само со масло, а две кори со прелив, се филуваат и виткаат во ролат. Вака приготвените ролати се редат во плех обложен со хартија и одозгора се заливаат со остатокот од преливот. Питата се пече во загреана рерна на 200 степени, 40-45 минути. Деталите погледнете ги ОВДЕ.