Колачот БЕЛ ЕГИПЕТ е добро познат на старите домаќинки поради неговата едноставна подготовка. Познат е по тоа што се прави од 8 јајца, па согласно на тоа се одредуваат и количините на останатите состојки. Еве што ви е потребно:




ПOTРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ЕДНА КОРА (потребно е да се направат 2 кори): 4 белки, 1 лажица меко брашно, 4 лажици кристален шеќер, 5 г прашак за печиво, 6 лажици печени мелени лешници.




ЗА ПРВИОТ ФИЛ: 8 жолчки, 8 лажици шеќер, 8 лажици брашно, 1 литар млеко, 100 г бело чоколадо, 150 г путер или маргарин. ЗА ВТОРИОТ ФИЛ: 500 мл слатка павлака, 100 г кисела павлака, 100 г печени мелени лешници.




ПОСТАПКА: Издвојте ги белките од жолчките од вкупно 4 јајца. За кората е потребно во еден подлабок сад да се измиксаат 4 белки со постапно додавање на шеќерот, додека да се добие пенаста смеса. Во миксираните белки се додаваат печените мелени лешници, прашокот за печиво и една лажица меко брашно.




Сите состојки заедно се соединуваат со шпатула, додека смесата да стане еднолична и соединета. Во обложен плех со димензии 35х25 см се истура смесата за кората, се порамнува и се става на печење во претходно загреана рерна на 180 степени. Кората се пече околу 13-14 минути и по печењето веднаш се вади од плехот. На истиот начин се припрема и втората кора.




За првиот фил: Потребно е во еден сад да се стават 8 жолчки со 8 лажици шеќер, 8 лажици брашно и се става малце млеко. Останатото млеко се става во тенџере и се остава да зоврие. Брашното, јајцата и шеќерот се матат рачно со маталка. Пред млекото да зоврие се додава смесата од брашното, јајцата и шеќерот и се меша додека да згусне на тивок оган.




Кога филот ќе се згусне се трга од оган и додека е врел филот се додава 100 г бело чоколадо и се меша додека сето тоа да се стопи, да добие конзистентност како пудинг. Кога ќе згусне, кремот се покрива со кеса или фолија и се остава да се олади.




Во посебен сад се миксираат 150 г путер или маргарин. Оладениот фил се додава постепено во миксираниот путер или маргарин и се продолжува со матење. Филот е потребно да се додава во изматениот путер на неколку наврати, обично на трипати за убаво да се соедини.




За вториот фил е потребно во посебен сад да се измати 500 мл слатка павлака додека да се добие цврст снег. Во посебен сад се става 100 г кисела павлака. Ако претходно сте измиксале 500 мл слатка павлака, тогаш не додавајте шеќер во киселата, а ако користите обична, неутрална павлака, тогаш во киселата се додава 50 г шеќер во прав.

Со мешање соединете ги состојките и потоа додате ги во садот со слатка павлака и се заедно се меша. Врз оладената кора (првата) се нанесува половина од првиот фил, убаво се размачкува и се наросува со печен мелен лешник, а потоа се става половина од вториот фил и тој убаво се распоредува.

Одозгора се става и втората кора и постапката се повторува. Овие кори не е потребно да ги преливате со млеко или топло какао бидејќи се многу сочни и доста меки. Декорацијата ја правите по ваша желба и потребно е колачот убаво да се олади и зацврсти во фрижидер пред послужување. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.