Свети Лука бил еден од 12 Христови апостоли и автор на едно од четирите евангелија. Роден е во Антиохија во 1.век. Се смета за еден од првите Христови ученици кој го ширел христијанското учење, и тоа после cмpтта на апостолот Павле.
Свети Лука се смета за основач на христијанскиот иконопис, бидејќи лично насликал три икони на Богородица. Се верува дека тие икони се најблиску до вистинскиот иглед на Христовата мајка. Исто така, тој е творец и на иконите на апостолите Петар и Павле.
Неговите мошти се чуваат во Цариград и се верува дека се чyдотворни. Секој кој искрено му се моли на Свети Лука, а особено по поклонување врз неговите мошти, искрената и добрата желба ќе му биде исполнета. Свети Лука е заштитник на лекарите и здравствените установи, па особено му се молат бoлните.
Денес е Свети Лука, а вредните домаќинки сигурно веќе ги средуваат старите проверени рецепти, барајќи што да подготват за празничната трпеза. Доколку сè уште не сте oдлучиле со што да ги послужите гостите, ви ги предлагаме овие два рецепти кои ќе ги задоволат вкусовите и на најпребирливите гости. Следните рецепти се подготвуваат уште од древно време, со неколку измени и малку модернизирани:
СОЛЕНА ТРОБОЈНА ТОРТА – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ТЕСТО: 9 јајца, 2 павлаки, 9 лажици брашно, 1 кесичка прашок за пециво, 2 лажици ајвар, 3 лажици варен сечкан спанаќ, сол. ЗА ФИЛ: 400 мл павлака, 400 г мајонез, 3 јајца, 2 кисели краставички, 100 г сув врат, 100 г шунка, 150 г фета сирење, 300 г обично сирење, малку кечап.
ПОСТАПКА: За тестото – се матат белките со малку сол, па кога ќе се добие цврст снег се додаваат постепено жолчките, брашното и павлаката и смесата се дели на два дела. На едната половина додајте ајвар, на другата спанаќ, па испечете ги корите на 180 степени, околу 15-20 минути, во зависност од рерната. Кората со спанаќот исечете ја по должина, за да добиете две потенки кори.
За филот – измешајте павлака и мајонез и добиената смеса поделете ја на три дела. Во едниот дел додајте ги исечканите краставици, јајцата и половина рендано сирење. Во вториот дел ставете сув врат и малку рендано фета сирење.
Во третиот дел ставете шунка и малку кечап. Филувајте ја тортата на следниов начин – зелена кора, па првиот фил, жолта кора, па вториот фил, зелена кора, па третиот фил и одозгора рендано сирење. Прочитајте го и вториот рецепт за ролат од мелено месо со фил:
РОЛАТ ОД МЕЛЕНО МЕСО, ИСПОЛНЕТ СО ШУНКА И СИРЕЊЕ – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 600 г мелено месо, 1 јајце, 2 лажици презла, сол, црн пипер, суви билки (босилек, мајчина душица), кромид, 2 чешниња лук, 100 г шунка, 100 г кашкавал (ајдамер или моцарела).
ПОСТАПКА: Кромидот и лукот се сечкаат ситно и се додаваат во садот со меленото месо. Додајте зачини по желба, сол, презла и јајце. Измешајте ги состојките додека да добиете изедначена смеса, па префрлете ја во подмачканата фолија. Врз алу-фолијата можете да ставите парче хартија за печење.
Израмнете и со оклагија формирајте правоаголник, но смесата од месото да не излегува од фолијата (за полесно обликување одозгора можете да поставите кеса или проѕирна фолија). Наредете ја шунката на средина, па над неа изрендајте го кашкавалот.
Завиткајте го ролатот со фолијата, па ставете го во плех, покријте го со фолија и печете во рерна загреана на 200 степени околу половина час. Отстранете ја фолијата и печете уште десет минути во плехот, додека да фати коричка.