Лилјаните или нивните цветови познати уште и под името „крин“, се едни од најмирисливите цветови кои може да се одгледуваат во домашни услови во саксија. Постојат многу видови на лилјани и секој од нив е добар избор, нема да погрешите, каков и да чувате.
Лилјаните се одлични цветови за подарок на сакана личност, особено се поклонуваат на мајка, пријателка, сестра или на сопругата кога сакате да изразите нежност, чистота, скромност… Лилјаните се многу лесни цветови за одгледување во домот и се одлична декорација.
Најдобро време за садење на лилјаните во домашни услови е периодот помеѓу март и април.. Ако засадите лилјани со различни сорти во една саксија, ќе добиете шарен мини цветник за време на цветањето.
Повеќето домаќинки и домаќини кои ја одгледуваат оваа сорта на цвеќиња (бел крин) во домашни услови, се жалат дека лилјаните се склони кон сушење, а дури некои не ни процветуваат. Во тој случај, продолжете да го читате текстот подолу кој ќе ви помогне да се справите со овој проблем.
Следниот трик може да им послужи и на оние кои што саксискиот цвет на лилјанот го купиле од цвеќарница, но по некој период, тие престанале да растат и да напредуваат во нивниот развој. Направете го следниот сируп и додајте го во криновите за тие да растат бујно и раскошно.
Најпрво ќе ви биде потребно 1 чаша од 250 мл и во неа треба да додадете околу 100 г ориз. Може да користите бел или кафеав ориз. Оризот треба да го измиете неколку пати, во неколку наврати низ обична вода, па потоа да го ставите во блендер.
Веднаш потоа, во блендерот истурете 2 литри вода на собна температура. Важно е водата која ја користите да биде чиста и да не содржи голема количина на хлор. Затворете го блендерот со соодветниот капак и блендирајте околу 2-3 минути со постепено зголемување на брзината на блендерот, додека да се формира млечна смеса.
Кога ќе добиете млеко од ориз, прекинете го процесот на блендирање и млекото процедете го во друг сад за да се отстранат парчињата ориз кои не успеале да се иситнат. Потребна ќе ви биде само течноста, односно млекото. Процесот на цедење има и превентивна мерка со тоа што ќе спречи формирање на фунги и мувла.
Oризот, сам по себе е многу хранлив за цвеќињата бидејќи во себе содржи нутриенти како калиум, калциум, магнезиум и манган. Млекото од ориз е евтино ѓубриво кое може да си го направите во секој момент кога ви е потребно да ги cпасите вашите цвеќиња.
Mлекото од ориз е потребно да го користите двапати седмично за да добиете позитивни резултати и бујно цветање на лилјаните. Млекото не треба да го чувате во фрижидер, бидејќи може да скисели и да ги оштети вашите цвеќиња, затоа секогаш приготвувајте свежо. Се нанесува во почвата, наместо вода за наводнување.
Важен совет при одгледување на лилјаните: Лилјаните (криновите) не сакаат директна сончева светлина, така што е најдобро да ги чувате подалеку од прозорец. Исто така, за разлика од кактусите, лилјаните бараат почесто наводнување за да се хидрира почвата бидејќи нивните листови се склони кон сушење.
Забелешка: На насловната слика и видеото е прикажан цветот „Спатифилиум“ кој всушност не е вистински лилјан, но според некои написи се смета за дел од оваа сорта. Во видеото е опишана постапката за употреба на оризовото млеко кое делува подеднакво ефикасно и кај двата вида, особено кај сортата – лилјани (бел крин). Деталите од целата постапка и советите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.