Ова е стар начин за саламурење на зелката која може да се јаде после десет дена зреење. Во неа се сочувуваат сите витамини и минерали, го јакне имунитетот и отпорноста на организмот кога тоа најмногу е потребно.

Кисела зелка без месо, со црвен пипер – Гогахерц




Имено, во студените периоди кога времето е променливо и најмногу владеат настинките, оваа витаминска салата освен што ќе го заштити телото, ќе ви овозможи целосно yживање, бидејќи многу е вкусна.

Кисела зелка со лук и морков – Зора Пилиќ

 




Она што е многу интересно и мора да го напоменеме, е дека после ферментацијата или „зреењето“ од десет дена, лукот воопшто не се чyвствува ниту пред јадење, ниту после јадење. Оние кои од од некои причини сепак, не можат да го јадат лукот, истиот можат да го изостават во рецептот.

Кисела зелка со лук и морков – Милја Петковиќ




Исто така, важно е да се придржувате до соодносот на состојките за саламурата, бидејќи е совршен и не треба да се менува. Освен солта, во овој рецепт се додаваат масло и оцет, но постојат рецепти каде и тие се изоставени, бидејќи самата зелка испушта доволно сок. Кој ја сака салатата полута може да додаде и лути пиперки во количина од 250-400 грама. Еве го основниот рецепт на Зора Пилиќ:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 10 кг бела зелка, 500 г лук, 500 г морков, 250 г сол, 1 литар масло, 1 литар бел оцет 9%. По желба може да се додадат лути пиперки во количина од 250 г до 400 г во зависност од посакуваниот интензитет на пикантноста.

Кисела зелка без месо, со црвен пипер – Гогахерц




ПОСТАПКА: Зелката исчистете ја вообичаено од надворешните листови и сите темни дамки, па исечете ја на плочки со дебелина од приближно 1 см. Потоа секоја плочка се премачкува со приближно две супени лажици од приготвената зеленчукова мешавина.




Плочките се премачкуваат само од едната страна, па убаво се распоредуваат во буре или некој соодветен сад, со премачканата страна нагоре. Потоа се приготвува зеленчуковата мешавина: Лукот и морковот исчистете ги, па изрендајте ги или сомелете ги во блендер или „сечко“.

Лута салата од морков – Мира Лосич Иветиќ




Кисела зелка со лук и морков – Зора Пилиќ

Во иситнетиот зеленчук додајте 250 г сол и по еден литар масло за јадење и бел оцет 9%. Добро промешајте и со оваа смеса премачкувајте ги плочките од зелка. Бурето или садот не мора да биде херметички затворен, туку одозгора со нешто да се потисне и да се покрие, а се чува во подрум или ладна просторија со константна температура. Рецепт на Зора Пилиќ.