Основата на овoj колач е бисквит и чоколадо, поточно какo крем табла, со додаток на лешници и кокос. Може да го послужите и како ситен колач ако направите неколку видови од нив бидејќи се прави брзо, а потоа само се сече на штангли.
Не излегува кој знае колку од колачот, но колку да се засладите дома е доволно. Ако го правите за повеќе гости, дуплирајте ја дозата. Наместо лешници, можете да користите ореви, како и да го прескокнете кокосот, доколку не го сакате неговиот вкус или ако многу го сакате, да го направите целиот во кокос, без јатки. Еве кои состојки ви се потребни:
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 г бисквити, 200 г чоколадо за готвење, 100 г посен маргарин, 1/2 шолја млеко од соја, може да користите и вода – на фотографијата е направено со вода, 125 мл, 6 лажици шеќер, 100 г печени мелени лешници, 50 г кокос, 2 лажици какао.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Скршете го бисквитот на поситни парчиња и во него додајте го мелениот лешнник и кокос и добро соединете. Во тенџере се ставаат водата (соиното млеко), шеќерот, сечканиот маргарин и чоколадото искрешно на коцки.
![]()
![]()
![]()
![]()
Тенџерето се става на рингла вклучена на средна кон ниска температура и кога млекото (водата) ќе почнат да се затоплуваат, се започнува со постепено мешање, додека да се соединат еднолично сите состојки. Чоколадото, шеќерот и маргаринот да се растопат и да се формира еднолична и течна смеса.
![]()
![]()
![]()
![]()
Кога ќе се растопи, почекајте да зоврие течноста и веднаш прелијте ја смесата врз бисквитот, кокосот и лешниците. Нежно и добро измешајте со шпатула и тортата складирајте ја во во мал калап, во кој на дното претходно сте ставиле стреч фолија или хартија за печење.




Калапот што е користен во овој рецепт е со димензии 29×11 см, може да биде во која било големина, 20×20 см, генерално изберете помал калап и прилагодете ја висината на колачот. Во секој случај колачот не се пече, но се препорачува да биде подебел, затоа се прави во помал калап.
![]()
![]()
![]()
![]()
Доколку вашиот калап е поголем, а немате мал, целата смеса ставете ја на едниот крај од калапот и полека распоредете ја на другиот крај, внимавајќи колачот да ја има соодветната висина.
![]()
![]()
![]()
![]()
Кога ќе дојдете до степен да сте ја истегнале масата, висината да биде прилагодена, тогаш само тапкајте ја површината на колачот со лажица, да биде рамна и оставете да се излади во фрижидер од 6-8 часа или најдобро преку цела ноќ.
![]()
![]()
![]()
![]()
За ова време, колачот фино ќе се стегне и потоа ќе може да го превртите на чинија за послужување, од каде ќе го исечете на помали коцки. Пред послужување, најдобро е колачот да отстои 10-тина минути на собна температура, за да може полесно да го исечете во саканата форма.
![]()
![]()
![]()
![]()
Овој колач е нешто слично како познатата ресана торта која се прави на идентичен начин. По желба, во тортата може да ставите сечкани ресани на помали парчиња, исто како и бисквитот, но доколку ја правите тортата посна, најдобро е да внимавате на изборот на ресаните. / Domacirecepti.net












