Ако сакате да си направите преубав десерт, мора да го пробате овој превкусен и сочен колач кој се топи во уста. Кој го пробал досега, рекол дека сака повторно, толку е добар и затоа е многу баран. Познат рецепт за многу стар и сочен колач.




Прво се подготвува пандишпанот кој се прави од смеса од суви и течни состојки кои се соединуваат во еднолична смеса, па потоа се става на печење и во меѓувреме се подготвува чоколадната глазура со која се залива колачот. Многу е сочен и целиот изобилува во чоколадо. Еве кои состојки ви се потребни:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА ПАНДИШПАН: 3 јајца, 170 г гранулиран шеќер, 200 мл млеко, 200 мл масло, 1,5 чаша брашно (180 г), 4 големи лажици какао (40 г), 1 кесичка прашок за печиво или сода бикарбона (10 г), 1 ванилин шеќер (5 г).




ЗА ГЛАЗУРА: 1,5 чаши млеко (300 мл), 1/2 чаша масло (100 мл), 1 чаша гранулиран/кристал шеќер (170 г), 3 големи лажици какао (30 г), 80 г чоколадо за готвење и кикирики за декорација или нешто по ваш избор. Постапката проследете ја во продолжение.




ПОСТАПКА: Јајцата и млекото се оставаат минимум 1 час да отстојат на собна температура за да се затоплат и смесата која се подготвува да биде еднолична. Во еден подлабок сад ставете го брашното и потоа додајте го прашокот за печиво и ванилиниот шеќер.




Додајте го какаото и нежно промешајте ги сувите состојки со шпатула. Потоа започнете да ги додавате останатите течни состојки во посебен сад, плус и шеќерот. Скршете ги трите јајца во подлабок сад и изматете ги додека да се разредат.




Во јајцата додајте го гранулираниот шеќер и започнете да ја матите смесата со миксер додека шеќерот да се растопи во јајцата и целата количина да се удвои. Во течната смеса, додајте го млекото, па потоа маслото и фино промешајте додека да се соединат состојките во мазна и еднолична смеса.




Во течната смеса постепено започнете да ја истресувате смесата со суви состојки и нежно со шпатула или жица за матење измешајте ги состојките додека да се инкорпорираат двете смеси. Смесата убаво измешајте ја додека да нема повеќе грутчиња од сувите состојки.




Еден плех или огноотпорен сад премачкајте го нежно со путер или масло на дното и по страните. Потоа наросете подеднакво брашно низ плехот. Димензиите за плехот се 24х35 см, користете исти или слични димензии. Излејте ја чоколадната смеса и испечете го колачот во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 35 минути.

По печењето, колачот се остава добро да се олади и се сече потоа на коцки. Во меѓувреме се подготвува глазурата. Се соединуваат шеќерот и какаото и потоа се додава маслото, па млекото. Соединете, па ставете го тенџерето со состојките на рингла додека да се растопи и млекото да почне да врие.

Кога смесата малку ќе се згусне додека се готви, со непрекинато мешање, тргнете ја од рингла и додајте го чоколадото. Мешајте додека да се растопи. Чоколадната глазура се прелива преку колачот и се остава неколку минути додека добро да го впие. Декорирајте по желба. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.