Расолот, односно сокот од кисела зелка, содржи големи количини на витамини B,C,E,K и минерали како што се калиум, калциум, фосфор, сулфур, бакар, цинк и магнезиум. Порано старите имале навика да си пијат расолница за здравје, особено во зимските денови, за челичење на имунитетот. Нејзината лековитост се должи на тоа што се прави од зелка, која е кралица на зеленчуците поради нејзините нутритивни својства.




Расолот е добар за: настинка, за зајакнување на цревната флора, за артериосклероза и за висок кpвен притисок, како помош при лекување на астма, реума, чир на желудник, а преку тие придобивки се чисти кожата и се зајакнува имунитетот, односно се подобрува општата состојба на целиот организам.




Расолницата од кисела зелка е добар напиток за дијабетичари, бидејќи помага во намалувањето шеќерот во кpвта и го подобрува варењето. Корисно е секојдневно да се пие по половина чаша чиста расолница. Поради солта која се содржи во расолницата, оние што имаат висок притисок треба да бидат внимателни.




Киселата зелка всушност е една од ретките намирници, кои имаат витамин В12. Можете да ставате зелена или црвена зелка во расол, но црвената е многу побогата со фитонутриенти и витамин Ц, содржи антиоксиданси за кои се смета дека ги штити сивите мозочни клетки, па со тоа е и поздрава за јадење.




Лековитото дејство на киселата зелка може дополнително да се зголеми, ако меѓу зелката додадете и други намирници, како на пример листови од винова лоза, грозје, дуња, јаболка или анасон.




Зачините може да ги изберете според ваш вкус – зрна пипер, ким, ловоров лист. Важно е листовите зелка да бидат неоштетени, тврди и со што помалку темни дамки. Расолницата или сокот од киселата зелка, е исклучителен пијалак против тегобите во дигестивниот тракт, бидејќи претставува природен пробиотик.




Расолницата во комбинација со сок од морков или репка е одличен за сите луѓе со дијагностициран недостиг на калциум и за оние кои имаат остеопороза. Свежо исцедениот сок од зелка е, исто така, одличен пијалак за лицата со чир на желудникот или со воспаление на дебелото црево. Расолницата изобилува со витамин Ц кој има силно антивоспалително дејство.




Меѓутоа оваа суперхрана може да предизвика подуеност и гасови доколку не се конcyмира правилно, објасни д-р Чубрило, потенцирајќи дека ова особено се однесува на оние кои досега немале навика да го пијат овој здрав домашен напиток. „Ако сега јас испијам чиста расолница, потоа ќе ми биде тeшко на стомакот и ќе имам гасови.




Расолницата не треба да се пие концентрирана и кога ќе ви текне, зашто може да предизвика неугодност во цревата. Истото важи и за зелката која е често на нашите празнични трпези во зима. Ако досега не сте пиеле расолница, може прво да си направите мал тест на цревата за да проверите како ќе делува врз вашите црева.




Секогаш кога пиете расолница најдобро е да разредувате со вода, на почетокот додавајте поголема количина на вода, а потоа намалувајте додека да стигнете во размер 1:1. Ако не ви прави проблем на цревата и гасови, тогаш можете да ја пиете.

Се пие по малку, на почетокот по 1 ракиена чашка додека да стигнете до 1 чаша од 250 мл на ден“, објасни докторот. Секако, ова важи за почетниците кои досега немале навика за пиење на расол. Во продолжение прочитајте еден народен лек за намалување на високиот шеќер:




Лек за висок шеќер: на расолницата додајте и само две состојки – ќе ве препороди. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1/3 чаша расол, 1/3 чаша сок од домати, 1/3 чаша сок од моркови. ПОСТАПКА: Состојките измешајте ги. Пијте по една чаша секој ден, на гладно.