Овие колачиња се многу интересни поради тоа што подготовката на тестото е различна од сите други рецепти. Сите ги обожаваат поради нивното својство да шармираат со својот посебен вкус. Иако не се како обичните крофни, нивниот излед намамува да личат на мекото пржено тесто.




Всушност станува збор за поинакви колачиња-крофнички, кои се натопуваат во белки, па затоа моите дечиња ги завикаа бели крофнички. Често ми велат: „Мамо, ај направи од тие белите крофнички“, а јас се смеам затоа што така ги завикавме сите по дома.




Интересно е што на крајот се потопуваат во снег од белки и при првото вкусување, имаат нешто сличен вкус на пуслица. Ако досега не сте ги пробале, време е да ги направите, бидејќи на вкус се совршени. Од една смеса излегуваат 60 крофнички, за што ви е потребно 1 кг брашно, така што ако сакате да направите помалку, слободно можете да ја намалите дозата. Еве кои состојки ви се потребни за да ги направите:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА 60 ПАРЧИЊА: 250 г брашно, 450 г шеќер, 50-60 г шеќер во прав, прстофат сол (1 мала лажичка), 500 мл млеко, 2 жолчки, 2 јајца, 30 г ванилин шеќер, 60 г прашок за печење, 1 кг брашно. ЗА ГЛАЗУРА: 2 белки, 250 г шеќер во прав, 1 мала лажица чимонов сок.




ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете 250 г брашно, додајте 450 г од шеќерот и измешајте ги состојките. Веднаш потоа се прелива со штотуку зовриено млеко и смесата убаво се соединува бидејќи лесно се прават грутчиња. Потребно е веднаш со дрвена лажица или шпатула да ги измешате состојките, додека да се инкорпорираат.




Издвојте 2 јајца на белки и жолчки. Белките можете да ги ставите во фрижидер, бидејќи ќе ви бидат потребни подоцна за глазура. Во жолчките додајте уште 2 цели јајца, а потоа сите додајте ги во течната смеса. Додајте го ванилиниот шеќер и изматете ја смесата со миксер, додека да стане еднолична.




Во посебен сад измешајте 1 кг брашно, прстофат сол (1 мала лажичка) и прашокот за печење. Измешајте ги сувите состојки, а потоа додајте ги во течната смеса. Замесете мазно и фино тесто. Кога половично ќе ги соедините сите состојки, најдобро е тестото да го префрлите на набрашнета рамна површина и да го замесите на тој начин, со постепено додавање на брашното.




Вака замесеното тесто, кое треба да не се лепи под прсти и да биде мазно и компактно, поделете го на три еднакви делови. Секој дел формирајте го во едно топче и ставете да се одмора настрана, додека работите едно по едно тесто. Тестата кои се ставени настрана, се препорачува да бидат покриени под крпа или проѕирна фолија.




Секое тесто развлечете го со оклагија со дебелина од еден прст, а потоа со модла или помала шолја вадете кругови од тестото, кои потоа треба да се испечат како крофнички. Останатиот дел од тестото, т.е. вишокот кој ви останува, повторно замесете го и вадете крофнички додека да го потрошите целиот материјал.

Секоја крофничка која ја извадивте од тестото со чаша, редете ја на голем плех од шпорет, обложен со хартија за печење. Доколку ви се многу крофнички, половина од нив можете да ги замрзнете за понатака.

Крофничките се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 20-тина минути, во зависност од рерната. Однатре треба да бидат меки. Додека крофничките се печат подгответе ја глазурата од белки:

ЗА ГЛАЗУРАТА ОД БЕЛКИ: Белките се матат со шеќерот во прав додека да се добие цврст снег, а потоа се додава 1 лажичка лимонов сок и целата смеса убаво се соединува. По печењето на крофничките, тие се оставаат сосем малку да се оладат, колку да можете да ги држите во раце и со прстите нежно се премачкуваат со снегот од белки, кој треба да биде оладен од миксањето.

Вака подготвените крофнички се редат на плех со хартија за печење, измачкани од сите страни со белките во тенок слој и се оставаат на собна температура некое време додека фино да се стегне горниот слој, кој на вкус делува како пуслица. По изминатото време, можете да ги послужите. Кој сака, може да ги наполни однатре со крем или џем. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.