Во продолжение може да го прочитате рецепт за многу вкусна пита, за чија подготовка се потребни само 10 минути. Шпанската пита со ајвар може да се послужи и ладна и топла, со шолја јогурт за појадок или вечера, а ако додадете малку декорација може да биде и предјадење, кое се обожава на славите. Ќе ви откриеме два рецепти, па според состојките одберете кој повеќе ви се допаѓа:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 200 мл јогурт, 150 мл масло, 5 цели јајца, 5 г сол, 10 г прашок за печиво, 5 лажици ајвар, 250 г брашно, 200 г шунка или некое друго сувомеснато по ваша желба, 3 кисели краставички, 150 г фета или младо сирење.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 6 јајца, 2 чаши кисело млеко, 2 чаши обично млеко, 2 чаши палента, 2 чаши брашно, 1 чаша масло, 2 кесички прашок за печиво, 2 рамни лажички сол. Уште ќе ви биде потребно 600 г сирење.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА (ПРВ РЕЦЕПТ): Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Шунката, киселите краставички и сирењето исечкајте ги на ситни коцки. Во еден подлабок сад каде што ќе ја приготвите смесата, најпрво скрешете ги јајцата и измешајте ги со маталка или жица.

![]()
![]()
![]()
![]()
Додајте го јогуртот, промешајте, па потоа додајте го маслото. Се меша додека маслото да се соедини со остатокот од смесата. Потоа се додава ајварот, повторно се меша и на крај се додава брашното и прашокот за печиво и се меша додека да се добие мазна и еднолична смеса, без грутчиња од брашното.

![]()
![]()
![]()
![]()

Во оваа смеса додајте ги шунката, киселите краставички и сирењето и измешајте со жица за матење или шпатула. Со хартија за печење обложете плех со димензии 30×20 см (правоаголен, како што е користен во видеото) и истурете ја смесата, проверете дали рерната се загреала, па префрлете го плехот во рерна.





Печете ја питата 35 минути или подолго, во зависност од тоа колку е моќна вашата рерна. Испечената пита покријте ја со крпа и оставете ја да се излади.Подоцна се сече на коцки и се сервира.

![]()
![]()
![]()
![]()
Ако питата ја послужувате на слава или некој друг свечен повод, декорирајте ја како што е прикажано на насловната слика. Одозгора може да ставите едно парче кулен или чајна, да наредите малку сирење, а одлични оди и павлака. Верувајте дека питата прва ќе ја снема од маса.

![]()
![]()
![]()
![]()

ПОСТАПКА (ВТОР РЕЦЕПТ): Многу вкусна проја – брза и едноставна постапка, мерки на чаша, запишете си го овој рецепт / Фотографија и рецепт на Маја Остојиќ – Проја. Многу лесно се приготвува и едноставно, не валкате многу садови. Многу вкусна проја, одлична за појадок или вечера, а може да се послужи и како предјадење, па дури и како главно јадење со убаво кисело млеко или чаша јогурт.

Со миксер изматете 6 јајца додека да станат пенасти, додајте 2 чаши кисело млеко и изматете на помала брзина. Потоа додајте 2 чаши обично млеко, 2 чаши палента, 2 чаши брашно, 1 чаша масло, 2 кесички прашок за печиво и 2 рамни лажички сол (или по вкус, што зависи колку е солено сирењето).

Измешајте убаво за да се соединат сите состојки, а потоа со рака издробете 600 г постаро сирење. Додајте го во претходната смеса и со лажица промешајте. Тепсија или плех намастете ја и наросете ја со брашно (мојата тепсија беше со пречник 30 см).
Потоа излејте ја пројата и печете ја 10 минути во загреана рерна на 220 степени и уште 30 минути на 180 степени. Фотографија и рецепт на Маја Остојиќ. Деталите од првиот рецепт може да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
































