Сусамките се евтини и стари колачи кои често ги правеа нашите баби. Овие колачи се суви и можат долго да стојат на масата, постојано се вкусни. Понекогаш од нив се најадувавме како за цел оброк, а во денешницата, дечињата ги сакаат да ги грицкаат.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 банани, 2 шолји бел сусам. По желба, во колачињата може да се додаваат и други состојки како ванила, мед, цимет, јаворов сируп и останати состојки по желба. Во продолжение може да го прочитате основниот рецепт.




ПОСТАПКА: Бананите треба да бидат зрели, се лупат, па се сечкаат на кругови. Потоа се ставаат во една пониска чинија или во блендер и со виљушка се гмечат додека смесата да остане без поголеми парчиња од бананите. Смесата треба да биде полу густа. Истиот процес може да го направите и во блендер.




Потоа смесата се префрла во еден подлабок сад и се додава 1 шолја сусам. Не постои конкретна количина на додавање на сусамот, зависи од конзистентноста на бананите. Во главно, смесата треба да биде обложена целата со сусам, односно на неа да се залепат сите сусамови семки.




Прво се додава една чаша и убаво се соединува, па потоа се додава уште една шолја сусам и се меша. Во смесата по вкус може да додадете и други состојки како мед, јаворов сируп, ванила, цимет.. Од вака подготвената смеса, со лажица како мерка, вадете еднаква количина од неа и формирајте ги колачињата во форма на круг или коцки, со помош на метално калапче или лажица за сладолед.




Колачињата треба да ги редите во плех, обложен со хартија за печење. Кога ќе ги наредите сите колачиња, вклучете ја рерната да се загрее на 180 степени, а потоа се печат околу 30 минути, додека убаво да порумени сусамот. Во продолжение може да прочитате уште еден рецепт:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г маргарин, 11 лажици шеќер, 4 жолчки, 11 лажици млеко, 1 прашок за печиво, 4 белки, сусам, брашно.

ПОСТАПКА: Маргаринот се мати со шеќерот, се додаваат жолчките, млекото, прашокот за печиво. Се замесува со брашно за да се добие компактна маса. Развлечете го тестото со дебелина од 1 см и исечете го на ленти.




Изматете ги белката со миксер додека да станат пенасти и да се стегнат. Сите коцки со тесто, ставајте ги прво во белките, па потоа во подлабок сад каде што сте го ставиле сусамот додека целите да се обложат во него. Коцките се редат во намрсен плех за печење. Печете на тивок оган додека да поруменат малку, односно сусамот да стане златен.




Кога печете сусам, важно е рерната да не биде вклучена повеќе од 180 степени, бидејќи семките лесно горат на повисока температура. Деталите од првиот рецепт можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.