Понекогаш нашата интуиција, сама ни наговестува кога некоја блиска личност е љубоморна на нас. Иако, повеќето во овие ситуации одлучуваат да го игнорираат тоа чувство, всушност првиот инстинкт најчесто е точен. Љубомората може да се појави од страна на партнерот, наша поблиска или подалечна пријателка, колешка, па дури и се јавува и помеѓу роднините.




Најчесто луѓето кои се љубоморни на некоја блиска личност, склони се да направат сè во некоја дадена ситуација само да не изгледате во најдоброто светло, напротив, ќе се обидат да ве оцрнат. Дури, понекогаш љубомората или зависта ги наведува да посегнат и да го преземат тоа што ви припаѓа вам, бидејќи потајно го посакуваат сето она што вие го имате.




Кога некој е љубоморен на вас, а притоа ви е многу близок, најчесто и покрај сите јасни знаци, не сакате да верувате дека ви посакува лошо. Иако, љубомората во овие случаи е најчесто суптилна и незабележлива, постојат некои знаци по кои може да ја препознаете.




1. Ви даваат комплименти, но вметнуваат некоја навреда. На пример, ако се пофалите на пријателката дека сте се вработиле, таа ќе ви посака сè најдобро, но на крајот, тивко и суптилно ќе додаде, „Баш сум среќна за тебе ама ме чуди како вработиле личност без искуство или без соодветно образование, без квалитет..“ Во секој случај, во коментарот ќе забележите потценување на ваша сметка.

 

Всушност, ваквите суптилни додворувања во зборовите кажуваат дека таа и не е баш среќна за вашата нова работа. Иако понекогаш овие работи остануваат премолчени, некогаш може да бидат и сосем незабележливи за вас, ако не сте обратиле доволно внимание. Но, бидете сигурни во едно нешто: кога зависната личност дава комплимент, зад пофалните зборови секогаш стои „..ама..“, а потоа следи негативната критика.




2. Гласно ги истакнуваат вашите грешки и негативни карактеристики. Кога станува збор за некој лош подвиг кој сте го направиле пред долго време, љубоморните пријатели ќе ви ја „воскреснуваат“ таа грешка однови и одново, во секоја можна пригода, за да се почyвствувате винoвни, макар и да ве поcpамотат пред други луѓе.




Најчесто, ваквите потсетувања на грешките кои некогаш сте ги направиле, тие ќе кажуваат со намера да ве оцрнат, но и да ве уверат дека тие се попаметни од вас и треба секогаш да ги слушате нивните совети: „Ти реков, ама не ме послуша“, е најчестата фраза која ќе ја слушнете од нив секојпат кога ќе се спомене таа тема.




3. Бараат изговори за разни ситници и почнуваат да ве одбегнуваат кога ви е потребна нивната поддршка. Кога љубоморната пријателка се чувствува загpoзена од вашиот успех, таа почнува да ве одбегнува и не ве кани на важни настани каде вие би биле ѕвездата, а не таа.




4. Ве озборуваат. Понекогаш, зависта може да ги опчини вашите пријатели дотолку, што тие не се ни свесни за интензитетот на љубомората кон вас. Најчесто, на почетокот сте им се допаѓале затоа што сте биле инфериорни во однос на нив, но штом започнете да напредувате или сте постигнале нешто повеќе од нив, кај нив се раѓа завист. Затоа, тие почнуваат да ве озборуваат и да кажуваат невистини за вас и тоа кај ваши блиски пријатели или роднини.




Најчесто, ако пробате да зборувате со нив за проблемот, тие ќе ви речат дека всушност вие сте се промениле и не сте веќе истата личност како порано, односно проблемот го гледаат кај вас, а не кај нив самите. Всушност, тие пријатели не сакаат вие да напредувате, а ве сакаат само до оној момент кога тие се супериорни и „над“ вас во секое поле.




5. Ви кажуваат дека сè што сте постигнале е затоа што сте имале среќа или некој ви го подарил, а не дека сте заслужни за тоа. На пример, ако добиете нешто што одамна сте го посакувале и напорно сте работеле за да ја постигнете целта, тие ќе ви речат: „Имавте среќа“. Секако, ќе бидат љубоморни и на вашето наследство, ако стекнатото сте го добиле дури и од сопствените родители, бидејќи тие во сè ќе бараат начин да ја оправдаат својата љубомора.




6. Ги омаловажуваат вашите достигнувања. Ако сте многу среќни поради некој бенефит, љубоморните пријатели најчесто ќе пробаат да ја најдат најмалата негативна работа, за да се чувствувате лошо и да ви ја расипат среќата.

Па така, најчесто кога ќе им соопштите дека нешто сте постигнале, тие наместо да ви честитаат, почнуваат да се натпреваруваат со вас, па ќе истакнуваат дека всушност тие имаат повеќе пари, поубав стан или подобра позиција на работното место, од вас.