Според прогнозата на метеорологот Иван Ристиќ за октомври, се очекува постепен пад на температурата, но Михолското лето нема да не остави до средината на октомври. Ристиќ наведува дека септември донел серија циклони и големо количество дожд, особено во деловите на Европа кои беа најмногу погодени од сушата во текот на летото.




Имавме и два упади на ладен арктички воздух што го означи крајот на топлото лето. При второто пробивање, снег имаше на повисоките планини, особено на Копаоник. Во првата половина на октомври над поголемиот дел од Европа времето ќе се смири, стабилизира, под влијание на огромно антициклонско поле на висок воздушен притисок.




Крајот на септември, повторно донесе летни температури, но веќе на почетокот на октомври времето се менува и заладува. Од први до среда (5 октомври) ќе има серија бранови на влажен и се поладен воздух кој ќе предизвика постепен пад на температурата, но тоа ќе биде незабележително во споредба со претходните ладни денови.




Кај нас, температурите ќе се движат од 18-23 °C во текот на денот, а навечер ќе се спуштаат до 6 степени. Утринската температура исто така ќе се спушти од 12-17°C до 7-12°C.




Паралелно со продорот на студениот воздух се зајакнува и полето со висок притисок што ќе предизвика постепено намалување на облачноста и стабилизирање на времето, а со порастот на дневните температури Михолското лето ќе трае до средината на октомври.




Од четврток, 6 октомври, се очекува повеќе сонце и се помалку облачност. По ведрите ноќи, утрата ќе бидат студени со температура од 5-10 °C во пониските и -2-3 °C на планините.




Втората половина на октомври ќе биде постудена. Во сливовите и долините на реките ќе има утринска магла која може да се задржи подолго, а таму ќе биде постудено во текот на денот.




Дневната температура постепено ќе се намалува и на почетокот на втората половина од месецот ќе се движи од 16-18 °C. Во втората половина на октомври времето се повеќе ќе наликува на есен, ќе има се помалку сонце и повеќе облачност, кој може да донесе дожд, но и снег на планинските врвови.




Кон крајот на октомври и почетокот на ноември пристигнува студен воздух од исток со зголемени врнежи кои во првата половина од ноември може да го донесат првиот снег во пониските предели. Максималната температура на почетокот на втората половина на октомври ќе биде 15-20 °C, кон крајот на месецот ќе опадне за околу пет степени и ќе се движи од 10 до 15 °C.




Овој октомври ќе биде посув со нешто помалку дожд поради антициклонот кој ќе доминира речиси до крајот на втората половина од месецот. Освен на самиот почеток, дожд се очекува кон крајот на втората и во текот на третата половина од месецот. Температурата ќе биде во нормални граници во октомври.