Во продолжение на текстот дознајте кога е вистинското време за ставање на зелката за нејзино киселење, и каде е најдоброто место за складирање. Без кисела зелка не може да се замисли зимската сезона и зимниците, бидејќи од неа се приготвуваат разни специјалитети кои се незаменливи на нашите трпези.




Покрај тоа што е многу вкусна, киселата зелка е и исклучително здрава. Таа е вистински извор на витамините Ц и К, кои идеално го зајакнуваат имунитетот во зимските денови. Се верува дека во една мала порција од само 100 грама кисела зелка дневно го намалува ризикот од настинка за два пати.




Доколку сакате да ја направите најубавата кисела зелка, покрај добар избор на квалитетна зелка и состојки за подготовка, многу е важен и периодот кога ќе ја ставите да се кисели.

По потреба, зелката може да се закисели во секое време, со варење лист по лист или со замрзнување за 48 часа, но најубава е онаа која ферментира постепено и токму таа е најздравата.




Како иделано време за отпочнување на процесот за ферментација се препорачува да отпочне некаде кон средината на октомври. Процесот на биоферментација на киселата зелка бара температурите да бидат стабилни без премногу осцилации, од 18 до 21 степен.




Најдоброто место за складирање на зелката е во подрумот, каде што нема премногу разлики во температурата, што не е случај ако ја чувате на балкон. Имено, вашиот балкон е изложен на директни надворешни температурни разлики и доколку бурето со зелката го чувате таму, голема е веројатноста дека таа ќе се расипе.




Исто така, крајот на летето не е најидеалниот период, бидејќи во овие временски услови зелката брзо и лесно скиселува, па нема потреба да се брза со подготовките.

Ферментацијата на кисела зелка обично трае до четири недели, па ако се одлучите за овој процес кон крајот на септември, можете да сметате на вкусна кисела зелка во октомври или почетокот на ноември. Ако ја ставате во буре без чеп за преточување, вашата зелка ќе биде одлична доколку ја примените следната мудроштина:




Набавете цврста и убава зелка за киселење. Исчистете ја од надворешните листови и отстранете го внатрешниот тврд дел. Добро е да имате зелки со различна големина за да се пополнат празнините во бурето (или некои зелки исечете ги на половини или третини, а подоцна ќе ги користете за салати и варива).




Долниот слој на бурето пополнете го со зелки свртени нагоре, па пополнете ги празнините. Во секоја зелка ставете по 2-3 супени лажици сол. на овој начин исполнете го бурето до врв, а потоа залијте го со изладено солило, приготвено на следниот начин:




Во 10 литри вода се растопува 300 г сол (целосно, да нема останати кристалчиња) и се истура во бурето. Количината се одредува според големината на бурето. Според втората варијанта во тенџере од 7 литри се става вода да зоврие, па се трга од оган и веднаш се става 2,5 кг сол.




Потоа, кога ќе се растопи постепено се додава во канта со 10 литри ладна вода. Со оваа солена вода се преливаат зелките во бурето. Па повторно во канта ладна вода се раствора солена вода и се така додека да се исполни целото буре. Тајната всушност се состои во веќе растворената сол и поради тоа нема потреба од преточување.