„Перничињата“ полнети со снег од белка беа омилените колачи од детството. Од неколку состојки се замесува тесто, се развлекува кора која се сече на квадратчиња, а потоа секое се полни со белка и се затвора како перниче. Кратко се пржат, а кога ќе се оладат се наросуваат со шеќер во прав.

Перничиња со снег од белки – Аница Обрадовиќ Живковиќ




Перничиња со снег од белки – Аница Обрадовиќ Живковиќ

Направете ги овие колачи според рецептот на Аница Обрадовиќ Живковиќ и потсетете се на убавите денови од детството. Рецептот е едноставен, колачите брзо се приготвуваат, но уште побрзо се јадат. Еве што ви е потребно:

Перничиња со снег од белки – Аница Обрадовиќ Живковиќ




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за тесто): 7 супени лажици млеко, 8 супени лажици вода, 3 жолчки од јајце, маст или путер со величина на орев, 2 прстофати сол, 2 прстофати шеќер, 440 г брашно и уште малку за размесување, 3 белки за шам, шеќер во прав а наросување на колачите




ПОСТАПКА: Во подлабок сад ставете млеко, вода, 3 жолчки од јајце, малку растопен путер, сол, и шеќер, па добро изматете додека сите состојки да се изедначат. Потоа постепено започнете да го додавате брашното и замесете убаво мазно тесто.




Тестото е мало, па добро се меси, но сепак месете го неколку минути за да стане еластично. Веднаш поделете го на пет приближно еднакви делови и од секој дел формирајте топче. Со помош на оклагија развлечете ги во кори со величина на плитка чинија.

Перничиња со снег од белки – Аница Обрадовиќ Живковиќ




Секоја кора намастете ја со омекнат маргарин и редете ги една врз друга, освен последната која не треба да се мачка. Работната површина наросете ја со малку брашно, па развлечете голема правоаголна кора.

Перничиња со снег од белки – Аница Обрадовиќ Живковиќ




Трите белки пенасто изматете ги со миксер додека да добиете цврст снег. Кората исечете ја на квадратчиња, па во секој квадрат ставете по една лажица од снегот од белки. Спојувајте ги спротивните агли и притиснете малку да се залепат.

Перничиња со снег од белки – Аница Обрадовиќ Живковиќ




Перничиња со снег од белки – Аница Обрадовиќ Живковиќ

Вака приготвените „перничиња“ пржете ги во масло загреано на умерена температура, додека да заруменат од двете страни. Вадете ги на хартиена салветка, а кога ќе се оладат наросете ги со шеќер во прав. Рецепт и фотографии на Аница Обрадовиќ Живковиќ.