Ова е рецепт за совршено тесто кое секогаш успева. Запишете си го бидејќи сигурно ќе стане вашиот омилен и само на овој начин ќе го приготвувате.

Потребни состојки:

1 кг брашно

500 мл млако млеко

200 мл јогурт

2 јајца

2 лажички сол

1 лажица шеќер

1 коцка квасец

Постапка:

Ставете килограм брашно во сад па во средината направете вдлабнатинка во која ќе ставите малку млако млеко и издробен квасец и одозгора ќе наросите лажица шеќер. Потоа оставете квасецот да се активира.

Измесете го тестото, покријте го со крпа и оставете да се дигне. Кога добро ќе нарасне, од него можете да правите што ќе посакате: кифлички, погачи…

Во случај да не го потрошите целото тесто истиот ден, можете да го сочувате во фрижидер и да го употребите следните 2-3 дена.