Многу едноставен, брз и лесен колач, притоа и евтин, а многу вкусен. За љубителите на чоколадото, ова е вистинскиот рецепт.
Потребни состојки:
За мерење се користи шолја од 200 мл – 2 шолји брашно, 2 шолји шеќер, ½ шолја масло, 2 шолји јогурт, 2 лажички сода бикарбона, 2 лажички какао
За прелив:
10 лажици шеќер, 10 лажици млеко, 100 г путер, 100 г чоколадо, 1 лажица рум (по желба)
Постапка:
Во сад за матење ставете брашно, сода бикарбона и какао. Додадете шеќер и добро промешајте. Постепено додавајте го јогуртот со постојано мешање за да нема грутчиња и на крајот маслото. Матете со миксер додека смесата да стане мазна.
Смесата ставете ја да се пече во тркалезен калап обложен со хартија, на 220 степени во загреана рерна околу 30 минути.
За тоа време додека колачот се пече направете го преливот. Во сад ставете сечкан путер, млеко, шеќер и чоколадо и по желба рум. Мешајте на тивок оган додека сето да се растопи и да се добие фин густ прелив.
Печениот и уште врел колач исечете го и прелијте го рамномерно со преливот. Колачот оставете го да впие па иставете го во фрижидер да излади.
coolinarika.com