Не знам за вас, но кај мене дома од оваа пита секогаш останува, толку многу ни е вкусна и се прејадуваме од две парчиња. Па, ми останува и за следниот ден, малку jа затоплуваме и пак е исто вкусна. Нема нешто премногу работа и за брзо време добивате здрав ручек.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг компири, 2 моркови, 1 јајце, 3 големи лажици пармезан или некој друг кашкавал, 100 г шунка или некое друго сувомеснато, 2 главици кромид, 2 чешниња лук, 8-10 шери домати, 1 пиперка, малку магдонос, лебни трошки, сол, црн пипер и масло.




ПОСТАПКА: Компирите добро измијте ги под млаз ладна вода, па излупете ги и уште еднаш испалкнете ги. На овој начин ќе бидете сигурни дека компирот е целосно чист и измиен од нечистотии или сpeдствата кои се ставаат пpoтив ‘pтење. Секој компир се сече на половина и се трга настрана.




Морковите се лупат, па се сечат на половина и се ставаат заедно со компирите во едно поголемо тенџере. Залијте со вода додека да се прелијат зеленчуците и вклучете ја ринглата да се зготват. Посолете по вкус. Варете го зеленчукот додека компирите и морковите да омекнат, во времетраење од 20-30 минути.




Во меѓувреме, ситно се сечкаат чешнињата лук, па 2 главици кромид се сечкаат на средни парчиња. Во тавче со малку масло се пржат кромидот и лукот неколку минути додека да ја испушти својата превкусна арома. Пиперката се сече на средни парчиња и од неа се отстрануваат семките и дршката.




Шери доматите се сечат на половина со ocтap нож, за да не се pacпаднат и да станат кашести. Во пропржениот кромид се додава пиперката и доматите, се посолува и се додава црн пипер, па се остава да се крчка на тивко додека да испарат течностите.




Магдоносот се сечка на ситно и се додава отпосле откога ќе се пропржат зеленчуците. Варениот морков и компирите се гмечат како пире и во него се додава 1 јајце, па се зачинува со сол и црн пипер. Смесата се меша додека јајцето подеднакво да се распореди. Во пирето се додава 3 големи лажици пармезан и се додава уште малку масло, па сето се соединува.




Во еден огноотпорен сад се става малку маслиново масло и насекаде се распоредува со четкичка. Врз маслото се редат лебни трошки да се залепат на него, па потоа се става половина од пирето и убаво се натапкува со лажица за да се израмни. Врз пирето се редат неколку парчиња шунка или сувомеснато по ваша желба (вкусно е и со сланина).




Врз месото се става пропржениот зеленчук, се распоредува, па на крајот се завршува со другата половина од компир и морков. Пирето се распоредува низ целата тепсија со рака и малку се намастува одозгора со маслиново масло. Пред да се стави на печење се редат уште неколку лебни трошки и уште малку масло.

Питата се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 35 минути, во зависност од рерната. По печењето се остава малку да се олади, па се сеќе и се послужува. Многу вкусно и здраво! Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.