Потребни состојки:
250 г шеќер
18 лажици вода
210 г путер/маргарин
150 г мелени ореви
100 г крупно сечкани ореви
250 г мелени бисквити
100 г чоколадо
Постапка:
Ставете ја водата со шеќерот на оган да проврие. Тргнете од оган и додадете го путерот убаво да се растопи. Додадете ги мелените ореви, па мелените бисквити и на крај исечканите ореви и растопеното чоколадо. Сето добро промешајте го да се соедини во еднолична смеса.
Ставете во калап и со вињушката прошарајте по површината.
Оставете во фрижидер да се стегне.