Home Народна медицина Со пиво и шеќер направете ефикасен домашен сируп за кашлица и болки...

Со пиво и шеќер направете ефикасен домашен сируп за кашлица и болки во грлото

Ова е одличен рецепт за приготвување на домашен сируп кој ја смирува кашлицата и болките во грло.

Потребни состојки:

500 мл пиво

150 г шеќер

Малку суво нане или кесичка чај

Постапка:

Шеќерот ставете го на оган да се растопи и карамелизира.

Кога шеќерот ќе се растопи се додава пивото, па на тивок оган се готви околу 45 минути додека пивото да испари и да остане само сирупот.

На страна правите малку чај од нане, па кога сирупот е пред крај (5-10 мин пред крај, кога ќе започнат да се појавуваат мали меурчиња), го додавате и заедно ги промешувате.

Готовиот сируп тргнете го од оган (добивате околу 250 мл сируп)  да се излади па складирајте го во стаклена тегличка или шишенце. Се чува во фрижидер.

<

Се консумира по потреба.

Деталите погледнете ги во видеото: