Ова е еден обичен, но истовремено и богат ручек за целото семејство. Јадењето е многу е вкусно, а и количината што се добива е навистина обилна и заситна, па понекогаш ќе ви остане да си каснете за вечера или за следниот ден, слободно можете да го подгреете.




Модрите патлиџани се омилениот производ на раната есен со тоа што може да се подготват на многу различни начини. Овој ручек е нешто слично на мусака, но наместо компири има модри патлиџани и е многу повкусно.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 поголеми модри патлиџани, 30 мл маслиново масло, 350 г мелено месо по ваш избор, 1 мала лажица доматен сос, 230 мл доматно пире, 80 мл вода, неколку шери доматчиња, 1 главица кромид, 1 црвена пиперка, 3-4 чешниња лук, 200 г моцарела или некој друг кашкавал, 40 г пармезан, зачини (сол, црн пипер, слатка зачинска пиперка, суво оригано, лук во гранули, 5 г ѓумбир во прав, 4 г кумин)




ПОСТАПКА: Модрите патлиџани се мијат под млаз ладна вода и добро се сушат со крпа. Потоа се сечат на поголеми парчиња (надолжно) со дебелина од 1 см. Настрана подгответе ја следнава мешавина: 30 мл маслиново масло, измешано со прстофат сол, црн пипер, слатка зачинска пиперка, суво оригано и лук во гранули.




Измешајте за да се соедини мешавината и на еден плех за печење, обложете со хартија за печење и премачкувајте ги патлиџаните од секоја страна со масната мешавина, со помош на четкичка. Редете ги еден врз друг и ставете да се запечат во претходно загреана рерна на 180 степени, 20 минути.




Настрана ситно исечкајте 1 главица кромид на ситно. Кромидот ставете да се запржи на загреано масло во тавче. Исечкајте една црвена пиперка на ситно и потоа додајте ја во тавчето со кромидот. Со повремено мешање, гответе отприлика 3-4 минути додека кромидот да застакли. Потоа додајте 3-4 главици ситно сечкан лук.




Кога кромидот ќе омекне, додајте 350 г мелено месо по ваш избор. Гответе го стандардно, прво додека посиви, да ги испушти своите сокови, да испари течноста, па потоа да фати коричка. Зачинете го месото со сол, црн пипер, 5 г ѓумбир во прав, слатка зачинска пиперка и 4 г кумин.




Сите состојки фино измешајте ги додека зачините убаво да се распоредат. Потоа додајте 1 лажичка кечап/доматен сос, измешајте, па прелијте со 200 мк доматно пире. Во месото додајте малку ситно сечкан магдонос и измешајте. Гответе под капак околу 20 минути додека доматниот сос да се згусне.




Шери доматчињата исечете ги на половина. Во еден огноотпорен сад за печење, премачкајте со масло. Од страните, започнете да ги редите модрите патлиџани, така што половина ќе бидат излезени нанадвор. На дното покријте го садот со уште неколку модри патлиџани. Потоа на дното наросете со 100 г рендана моцарела или некој друг рендан кашкавал.

Одозгора излејте ја смесата со мелено месо и уваво измазнете ја. Наросете со уште 100 г рендан кашкавал и затворете го кругот на патлиџаните кои беа излезени нанадвор. Одозгора премачкајте со уште 30 мл доматен сос и наросете со пармезан.

На средината направете декорација од шери доматчињата во форма на круг, а во средина на кругот ставете уште малку кашкавал. Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, 20-25 минути. Сите состојки се веќе готови, само колку да фати коричка одозгора и кашкавалот да се стопи. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.