Колачите кои се подготвуваат лесно и брзо ми се омилени. Особено сум голем љубител на кох и куглоф колачите кои се како блага пита. Имам два омилени рецепти за куглоф, првиот е особено вкусен, може да го правите и со глазура по ваш вкус, а вториот рецепт е исто така многу убав и лесен, па одлучете кој повеќе ви се допаѓа и запишете си го рецептот.
Јас во последно време го правам првиот рецепт кој го дознав неодамна, а вториот рецепт е стар, го имаме прејадено и е подарок од мојата мајка. Првиот рецепт за куглоф го направив кога имавме гости минатата недела и во еден „мав“ се изеде. Утре пак ќе ни дојдат, па ми го потенцираа да не подготвувам ништо друго освен овој куглоф. Во продолжение прочитајте кои состојки се потребни за да ги направите:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): 200 г брашно, 1 лажичка прашок за печиво, 1 лажица какао во прав, 80 г шеќер во прав, 1 ванилин шеќер, 1 прстофат сол, 1 јајце и 100 г омекнат путер. ЗА ФИЛ: 150 г растопен путер, 750 г крем сирење, 200 г шеќер во прав, 1 пудинг од ванила, 3 јајца, 2 лимони – рендана кора, 1 лажица какао во прав. За глазура: 50 г бело чоколадо, 1 лажица масло и 50 г чоколадо по избор.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ВТОР РЕЦЕПТ): 3 чаши брашно, 1 чаша шеќер, 1 прашок за печиво, 1 ванилин шеќер, 1 чаша кисела павлака, 1 чаша масло, 4-5 јајца, 4-5 лажици млеко, 3-4 лажици какао. Се мери со чаша од 200 мл, а може и во јогуртна чаша. Важно е да се користи една иста чаша. Фото и рецепт: Јадранка Кристоф.
ПОСТАПКА (ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ): Во еден подлабок сад скршете едно јајце и малку промешајте го со виљушка, да стане пенасто. Посолете, додајте 1 ванилин шеќер и малку растопен путер. Земете го миксерот и започнете да ја мешате смесата, како што ги додавате сувите состојки:
какаото, брашното и прашокот за печиво додавајте ги постепено, за да не се формираат грутчиња во смесата. Матете со миксерот додека конзистентноста на тестото ви го овозможува тоа, а потоа преминете на месење со рака. Напротив, смесата треба да изгледа мазна и соединете. Треба да добиете мазно и меко тесто.
Завиткајте го во проѕирна фолија и оставете го да отстои околу 40 минути. Потоа извадете го и обликувајте го како ролат, па развлечете го во намастен калап за куглоф (26 см) според формата и втиснете го во него на дното (како што е прикажано на сликата).
ЗА ФИЛ: Растопете путер и разладете го. Изматете го крем сирењето со шеќер, правот од пудинг, јајца, путер и кора од лимон. Треба да добиете еднолична смеса. Околу 2/3 од смесата префрлете во калап. Просејте го какаото и додајте го во преостанатата 1/3 од смесата.
Темниот дел излејте го врз светлиот крем и повлечете со лажица како спирала низ двата слоја за да добиете мраморен ефект. Ставете да се пече на долното ниво во загреана рерна на 170 степени, околу 60 минути. Оставете го колачот во калапот со исклучена рерна уште 15 минути.
Ако е потребно, колачот одвојте го од рабовите со нож и ставете го на тацна за торти. Исечете бело чоколадо и со малку масло растопете го на пареа, па прелијте како глазура врз колачот. Чоколадо по ваш избор (млечно или темно) изрендајте одозгора.
ПОСТАПКА (ВТОР РЕЦЕПТ): Одвојте ги жолчките од белките, па заедно со шеќерот и ванилин шеќерот миксајте додека да станат пенливи. Во смесата со жолчки постепено додавајте масло, кисела павлака, брашно и прашок за печиво (по наведената количина во потребните состојки).
На крај со лажица измешајте го снегот од белки. Смесата поделете ја на два еднакви делови, па во едниот додајте какао и добро измешајте со лажица додека да се изедначи. Калапот за куглоф намастете го и наросете го презла за да не лепи. Наизменично полнете го калапот со жолта и темна смеса (како зебра).
Печете во претходно загреана рерна на 180 степени, околу 40-45 минути. Печениот куглоф оставете го 10-тина минути да излади во калапот, па дури потоа извадете го на тацна. Одозгора наросете шеќер во прав. Фото и рецепт: Јадранка Кристоф.