Многу вкусни рецепти кои секоја домаќинка мора да ги знае. Првиот рецепт е за непечен колач кој се прави од петит биксвити, а вториот рецепт е со бисквит кора која многу лесно и брзо се приготвува, но мора да се ипече.

Во овие колачи, највкусни се филовите кои доминираат со својот вкус, па за кој рецепт и да се одлучите, нема да погрешите. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (ПРВ РЕЦЕПТ): Бисквити петит или по ваш избор, малку сок од вишни за натопување на бисквитите. За крем: 1 литар млеко, 15 лажици шеќер, 3 пудинг од ванила, 3-4 лажици брашно, 250 г путер, слатка павлака за шлаг, или шлаг крем од кесички и рендано чоколадо (исто така, по ваш избор).




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КОРА (ВТОР РЕЦЕПТ): 3 свежи јајца, 200 г кристален шеќер, 3 лажици мед, 180 г маргарин, 1 лажичка сода бикарбона, 300 г полуостро брашно и 300 г половина меко брашно. ЗА ФИЛ: 400 г кристален шеќер, 1,70 кг 20% неутрална павлака.




ПОСТАПКА (ПРВ РЕЦЕПТ): Шеќерот, пудингот и брашното измешајте ги со малку млеко додека да се разредат грутчињата. Остатокот од млекото ставете го во тенџере да се загрева на умерен оган додека да започне да врие.

Тргнете го садот малку настрана, постепено додајте ја пудинг-мешавината со непрекинато мешање, па вратете го тенџерето на рингла и намалете ја температурата.




Мешајте додека да згусне кремот. Пудингот префрлете го во друг сад и покријте го со проѕирна фолија или само тргнете го настрана и повремено промешувајте го, додека целосно да излади.

Кога пудингот ќе се олади на собна температура, додајте го омекнатиот путер и пенасто изматете го заедно со пудингот (треба да бидат на иста температура).




Редење: На дното од тепсијата наредете бисквити, и прелијте ги по малку со сок од вишни (најдобро со лажица). Преку бисквитите излејте ја смесата од пудинг и рамномерно распоредете ја. Израмнете.




Врз пудингот ставете шлаг кој претходно сте го изматиле. Изрендајте едно чоколадо врз шлагот, па наредете уште еден слој бисквити. Бисквитите пред нанесувањето можете кратко да ги натопувате во сок од вишни, но не мора. Добро изладете пред послужување. / Сoolinarika.com. Прочитајте го и вториот рецепт:




ПОСТАПКА (ВТОР РЕЦЕПТ): Во еден сад растопете ги маргаринот, шеќерот и медот заедно. Брзо ќе се стопи и потоа додајте една мала лажичка сода бикарбона. Ринглата нека биде вклучена на ниска температура, за да го заштитите медот од висока температура, зашто може да прегори.

Ќе почне лесно да се пени и смесата ќе стане кремаста. Се трга настрана да се излади малку. Смесата не треба да врие, доволно е малку да се растопи и соедини. Во друг сад изматете ги јајцата со миксер, па кога ќе згуснат, во тенок млаз постепено додајте ја смесата од маргаринот, медот и шеќерот, истовремено матејќи со миксерот.




Во оваа смеса додајте го брашното и замесете тесто со рака. Брашно оди 600 грама: 300 грама остро, 300 грама меко. Тестото треба да биде меко. Ставете го во фрижидер да одмори неколку часа, околу 4 часа.

По изминтото време, извадете го тестото од фрижидерот и поделете го на 6 еднакви делови. Тоа ќе биде многу погодно за работа. Како калапи за еднакви кори користете проѕирни кеси за замрзнување со димензии 24х30, наполнете 6 кесички и ќе добиете 6 кори.

Откако ќе го ставите тестото во кесата, прво рачно наполнете дел од кесичката, од крај до крај, а потоа со оклагија почнувате нежно дополнително да го цедите тестото, односно да го развлекувате. Овој чекор можеби одзема малку време, но, истовремено може да биде и доста интересен.

Наполнетите кеси треба да стојат во замрзнувач (на рамна површина) неколку часа за подоцна полесно да се одвои тестото. Извадете ги корите од замрзнувачот, отсечете ги рабовите на кесичките и извадете ги тестата.

Ставете лист хартија за печење на таа „гола“ страна од тестото и потоа превртете го тестото за да се спушти на хартијата. Тестото со хартијата за печење внимателно префрлете го во превртениот плех на рерната.

Секоја кора се пече во загреана рерна на 160 степени околу 8 минути. По печењето се остава кората да се излади. Доколку сакате потемни кори, печете ги минута подолго или по потреба. Сега изматете ги кремот и шеќерот. Не го правете тоа предвреме затоа што тогаш кремот би бил премногу разреден. И веднаш измачкајте ги корите и наредете ги слоевите.

На крајот медовината се посипува со остатоците од исечената кора, но веќе колачот е готов. Така, последниот слој од кремот посипете го со некои пофини бисквити, колку да се убави на око. Колачот МОРА да се излади и кисне 24 часа во фрижидер. Потоа исечете го по желба. Вкусно! / Сoolinarka.com