Специјално за читателите на НМД.мк, ги издвоивме двата најдобри рецепти за банана торта. Од овие рецепти, нема поедноставна и побрза подготовка, а кога станува збор за вкусот, навистина се фантастични и испробани.

Секоја домаќинка некогаш во животот подготвувала торта со банани, рецептите доаѓаат од искусни раце и вреди да се испробаат, за оние кои не ги направиле досега. Има различни варијанти на рецептите, па според префинетоста, одберете која торта најмногу ви се допаѓа.




РЕЦЕПТ 1. Tорта со банани што не се пече, но излегува во голема количина. Кај нас е познат и како кило и пол колач, мислам дека тоа кажува сè. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 и пол литар млеко, 5 кесички пудинг од ванила, 400 г шеќер, 2 маргарина, 300 г плазма бисквити, 200 г кокос, 10 парчиња крем банани, 2 кг банани, 1 парче лимон, 1/2 л шлаг.




ПОСТАПКА: Сварете ги пудинзите во млеко и шеќер, па изладете. Кога смесата ќе се олади, се додава измешаниот маргарин да се излади. Ако ви е полесно, пудинзите може да ги правите во две различни тенџериња, а потоа во едниот да додајте 1 маргарин, а во второто тенџере, вториот маргарин, кој треба да биде изматен со миксер, па тогаш се соединува со пудингот од ванила.




Измелете ги бисквитите (ако претходно не се измелени), исечкајте ги на ситно крем бананите и во нив додајте го кокосот. Потоа соединете сè со пудингот. Во еден плех или тава (поголем) ставете хартија за печење, а потоа истресете половина од смесата, па одозгора наредете цели банани натопени во сок од лимон (или попрскани, за да не потемнат), па одозгора излејте ја остатокот од смесата и рамномерно измазнете.




Ставете ја тортата во фрижидер, по можност преку ноќ или во замрзнувач ако сте во брзање. Пред послужување, тортата се вади на чинија за послужување која треба да биде рамна и се премачкува со половина литар шлаг, готов или домашно изматен. Декорирајте по желба. Бидејќи бананите се ставаат цели на средина, тортата има изглед како познатиот ролат „Мачкини очи“.

РЕЦЕПТ 2. Мек бисквит со желе од банана, бел крем, чоколаден крем и глазура. Оваа торта е во вистинска количина поткаена со банана. Еве што ви е потребно за ја направите, а постапката може да ја проследите во продолжение:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА БИСКВИТ: 4 јајца, 100 г шеќер, 100 г остро брашно, 1 и пол лажичка прашок за печиво, 100 мл масло, 100 мл чоколадно млеко (нексвик), 1 лажичка арома на банана, рендана кора од лимон, 2 лажици какао во прав. ЗА ЖЕЛЕ: 1 л сочен сок од јаболко, 5 супени лажици шеќер, 2 пудинзи од банана, 2 лажички арома на банана. ЗА БЕЛ КРЕМ: 300 мл желе од банана, 1 лажичка арома на банана, 100 мл шлаг.




ЗА ТЕМНИОТ КРЕМ: 300 мл желе од банана, 100 г чоколадо, 100 мл шлаг. ЗА ГЛАЗУРА: 300 мл шлаг, 100 г темно чоколадо, 75 г млечно чоколадо (или само 1 вид чоколадо) и 5-6 парчиња крем банани за декорација. ПОСТАПКА: Прво подгответе го бисквитот. Жолчките се одвојуваат од белките и се матат со половина од шеќерот или 50 г во кремаста маса.




Матете околу 4 минути со најголема брзина, постепено зголемувајќи ја јачината на миксерот Изматете и во тенок млаз додајте го маслото, па млекото. Додајте арома од банана, па измешајте. Додајте го брашното, прашокот за печиво, какаото и малку ренданата кора од лимон и соединете.

Изматете ги белките со прстофат сол со преостанатата половина од шеќерот додека да се формираат цврста пена. Белките се матат додека да побелат, па постепено се додава шеќерот во 3 серии.




Во смесата се додава половина од изматениот снег и се меша со миксер на брзина 1, а остатокот се меша рачно со шпатула, внимавајќи да се измеша по работ на ѕидот, за смесата да остане воздушна. Бисквитот се пече на 180С – 35 мин. За оваа количина и време на печење, најдобро е да користите кружен калап со пречник од 26 см.




Проверете со чепкалка дали бисквитот е испечен. Изладениот бисквит пресечете го на половина, напречно. Подгответе го желето кое е основа и за другите два кремови. ЖЕЛЕ: Додајте 5 лажици шеќер во 800 мл сок од јаболко и варете на средна топлина.

Во преостанатите 200 мл измешајте го прашокот за пудинг, па сварете го во сокот како пудинг. На плехот на кој ќе ја наредите тортата ставете ја првата кора од бисквит и натопете ја со малку млеко и рум.

Врз бисквитот ставете 400 мл врело желе. Оставете да се излади. Преостанатите 600 мл желе поделете ги на половина. Растопете 100 г чоколадо во едната половина. Во втората додајте ја аромата за банана и ставете ја да се излади.

Изладете ги добро во фрижидер. Во секој од ладните креми измешајте 100 мл шлаг. Измешајте го жолтото желе и полека сипете го шлагот и матете со најголема брзина додека да се соедини шлагот.

Истото направете го и со чоколадниот дел од кремот. Најпрво намачкајте го желето со лесниот крем, а потоа ставете го вториот дел од бисквитот кој исто така малку го натопувате со млеко и рум. Премачкајте со чоколаден крем. Бидејќи колачот е доста висок, ми остана малку чоколаден крем, бидејќи оставив простор да го прелијам со глазурата.

Исечете околу 5-6 парчиња крем банани на парчиња и притиснете ги во кремот. Во шлагот растопете ги преостанатите 300 мл чоколадо и прелијте го врз колачот. Оваа торта иако се подготвува малку покомплицирано за разлика од првиот рецепт, вреди за секоја минута труд бидејќи вкусовите се преливаат еден во друг. / Coolinarka.com