Овошјето, лисјата и семето се исто така лековити, особено сокот и сирупот. Благодарение на танинот и слузта, овој есенски сируп има корисен ефект врз работата на цревата и спречува заразни болести.
Семето на дуњата содржи дури 15% масло и големи количини на важната состојка амигдалин, односно витамин Б17, кој има антиканцерогено дејство. Семето е исто така богато со масти, танин, пектин, шеќери, јаболкова киселина, емулзин и протеид.
![]()
![]()
![]()
![]()
Зрелиот плод на дуњата е тврд и со кисел вкус. Се употребува свеж во исхраната, од него се прави слатко, мармалад, желе.. Кај народот, сокот од дуња и варената дуња се употребува против: дијареа, болести на белите дробови, за зајакнување на слузокожата во устата, желудникот и цревата.

![]()
![]()
![]()
![]()
Дуњата може да се чува до пролет, а во некои краеви ја сушат исечена на тенки парчиња од кои се вари чај. Покрај минималното количество калории и маснотии што ги содржи дуњата, богата е со протеини, јаглехидрати, диетални влакна и содржи многу танини и пектин.
![]()
![]()
![]()
![]()
Сок од дуња варен со иста количина шеќер, лекува кашлица, астма и акутна дијареа. Печена или варена дуња се препорачува за воспаление на слузокожата на желудникот и цревата, но и за третман на анемија.

Чајот од цвет од дуња помага за ублажување на кашлицата, а чајот од семе има исто така, ублажувачко дејство, помага при несоницата, како и за убав здив. Дуњата е одлична комбинација со печено месо, пилешко месо, говедско месо и дивеч.
![]()
![]()
![]()
![]()
Дуњата е витаминска б омба и е позната во народната медицина каде се користи првенствено како средство за ублажување на кашлицата и сми-рување на стомачните тегоби. Ова корисно овошје потекнува од југозападна Азија. Лековитите делови се плодовите, лисјата и семињата, а особено сокот и сирупот од овошјето.




Во продолжение прочитајте многу едноставен рецепт за слатко од дуњи. Слатко од дуња и ореви – најбрзиот рецепт на старински начин. Рецепт на Валентина Машковиќ. Потребни состојки: 1,5 кг рендани дуњи, 2 кг шеќер, 400 мл вода, 1 лимон.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Најпрво излупете ги дуњите, а потоа изрендајте ги на крупната страна од рендето. Додека ги рендате дуњите, може да ја променат својата боја. Затоа постепено додавајте малку сол од лимон врз ренданиот плод.

![]()
![]()
![]()
![]()
Во поголемо тенџере ставете го шеќерот со вода, промешајте и оставете да се растопи на тивка температура. Во растопениот шеќер и кога ќе почне да се прави густа маса, додајте ги дуњите во тенџерето.
Протресете го малку тенџерето, но не го мешајте слаткото. Оставете слаткото да се вари уште 15 – 20 минути. Предност на ова слатко е тоа што не се создава пена и не е потребно да ја отстранувате.

![]()
![]()
![]()
![]()
Пред самиот крај додајте 4 парчиња сечкан лимон на кругови и оставете да го испушти сокот уште 2 минути. Потоа тенџерето тргнете го од рингла и додајте ги претходно ситно сечканите ореви.
Потоа со дрвена лажица промешајте го слаткото додека да се соедини со оревите. Пред да го складирате слаткото во стерилизирани тегли, почекајте 15 – 20 минути да се излади. Затворете ги теглите, а слаткото чувајте го на темно и суво место. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ. Во продолжение прочитајте го рецептот за сирење од дуњи:

(втор рецепт) СИРЕЊЕ ОД ДУЊИ. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 кг дуњи, шеќер според измерена количина, шеќер во прав за валкање.
ПОСТАПКА: Дуњите се варат сосе кора додека целосно да омекнат. Кога ќе се оладат се сечат на парчиња и се пасираат. Добиената маса се мери за да добие правата количина на шеќер (на 1,5 кг пире се додава 1 кг шеќер). Повторно се враќа на тивок оган и се вари 45 минути со постојано мешање.
Потоа се става во соодветна тепсија, плиток стаклен сад и или чинии/калапчиња. Кога ќе се олади и стегне, се сече на коцки и се валка во шеќер во прав. Се чува на темно и суво место. Ова сирење е силен извор на енергија, а може да се зема и како лек за подобрување на дигестијата. Не се препорачува на дијабетичари и дебели луѓе.












