Во недела е Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица. Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица, овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица.
Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави на тој ден. Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата. Инаку, самиот збор успение значи заспивање; Поинаку кажано, не се слави cмртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта.
Од повеќето празници посветени на пресвета Богородица овој е еден од најзначајните. Затоа народот овој празник го нарекува уште и Голема Богородица. Во македонските цркви и манастири можат да се сретнат прекрасни претстави на настанот што црквата го слави.
Обично се наоѓаат над влезната западна врата на црквата. Инаку, самиот збор успение значи заспивање; поинаку кажано, не се слави cмртта, туку вознесувањето на Богородица во небесните живеалишта.
Се слави нејзиното заспивање, бидејќи таа не помина низ cмртта како враќање на правот на правот. Веднаш по нејзината cмрт таа е земена на небото во Христовите прегратки, вознесена е заедно со телото и станува прв и најголем застапник на луѓето пред Бога.
Според црковното предание, Богородица го завршува својот живот тивко и мирно без никакви болести и cтрадања и по cмртта на нејзиниот син Господ Исус Христос, таа честопати се молела заедно со апостолите Господ Бог да ја земе нејзината дyша и да ја пресели на небото.
Доживеала длабока старост. За време на една молитва во Леонската Гора, светиот Архангел Гаврил и’ се јавил и и’ рекол дека за три дни ќе се пресели од овоземниот во небесниот живот. Таа му ја кажала веста на свети апостол Јован, кој, пак, требало да се грижи за неа до крајот на нејзиниот живот.
Свети апостол Јован ја објавил веста, која бргу се проширила и сите доаѓале кај Пресвета Богородица да и’ оддадат почит додека се’ уште е живa. Сево ова се случувало во куќата на светиот апостол Јован каде што Богородица му ја предала својата душа на Господ Исус Христос. Била опкружена со голем број ангели и архангели.
Се создал шум и голем облак, а пристигнале сите апостоли да и’ оддадат чест. Меѓу нив не бил само светиот апостол Тома, по божја промисла. Тој бил далеку од другите апостоли, бидејќи го проповедал христијанството. Богородица првин легнала на одарот и во тоа време во целосна светлина дошол Господ Исус Христос, а таа станала и рекла: „Душата моја го велича Господа и духот мој се зарадува во него“. Веднаш потоа повторно легнала и заспала.
Кога Пресвета Богородица им се јавила на присутните во својот гроб, во нејзина целосна слава и величина, тогаш тие поверувале дека таа од ангелите божји е воздигната од земјата на небото во придружба на голем ангели и архангели, серафими, херувими и светители. Тоа е преминот од земното кон небесното царство, односно од земниот кон вечниот живот.
На иконите, овој празник обично се претставува со иконата со креветот на кој лежи Богородица со рацете вкрстени на гpадите. На обете страни на креветот се наоѓаат свеќници со запалени свеќи. Кај нозете на Пресвета Богородица Св. Петар поткадува со кандило, а над главата се Св. Апостол Павле и Св. Јован Апостол со главата, додека останатите апостоли стојат наоколу. Над Богородица е Христос кој ја држи душата на Богородица во форма на дете, опкружена со светлина и ангели.
Бидејќи на празникот му претходи двонеделен пост, на 28 август жените одат на причест, затоа што овој ден се смета како празник за сите жени и мајки.
Во некои области, се смета дека во овој период е најдобро да се изберат лековити билки кои третираат разни заболувања, бидејќи најмногу можат да им помогнат на луѓето.
Се верува дека ако на овој празник жените се напијат вода со ронка боја од иконата на Богородица, тоа ќе им помогне да излечат многу болести, како и неплодноcт. Во недела не треба ни да се работи физичка работа, ниту пак да се работи во домот.