Многу вкусен старински колач кој нема да ви одземе ни 15 минути работа. Има свежа нота на портокал кој се чувствува и си одговара со останатите состојки на колачот. Во продолжение прочитајте два рецепти за колачи со портокал, па одберете кој повеќе ќе ви се допадне:




За кората: 8 јајца, 8 лажици шеќер, 100 г суво грозје, 2 лажици презла, 200 г мелени ореви, кора од портокал (варена, изладена). За кремот: кора од 2 портокали (варени, исечкани), 200 г шеќер, вода, малку рум, 300 мл слатка павлака (изматена, за декорација), малку исечена кора од портокал.




Постапка: За оваа торта прво треба да ја подготват портокалите, односно нивната кора. Измијте ги убаво 2 портокали, излупете ги и исечете ја кората на коцки. Ставете да зоврие, кога ќе зоврие варете уште неколку минути. Фрлете ја оваа вода, ставете чиста и повторете го процесот. Потребно е да се менува водата 2-3 пати.




Последната вода измерете ја, па во тенџерето додајте вода колку да содржи 600 мл, додајте 200 г шеќер и почекајте да зоврие. Ова ќе биде сирупот за преливот на тортата. По желба во сирупот кога малку ќе се олади може да се додаде и малку рум и свежо цеден сок од еден портокал.




Сега подгответе го тестото за колачот: изматете ги белките со шеќер, додајте ги жолчките, презлата, оревите, варените коцки кора од портокал и сувото грозје. Ставете да се пече во загреана рерна на околу 200 степени, но веднаш намалете ја на 180 степени. Колачот е готов кога рабовите на тестото ќе почнат да се одвојуваат од тавата.




Оладете ја тортата малку, па прелијте ја со топол сируп и оставете ја целосно да се излади. Изладениот колач премачкајте го со изматена слатка павлака и по желба декорирајте со свежа кора од портокал (изрендана). Вториот колач можеби е уште полесен и побрз од претходниот:




ВТОР РЕЦЕПТ – КОЛАЧ СО ПОРТОКАЛ – Потребни состојки: 1 пакување готови за колачи (обланди), 2 портокали, 250 г чоколадо, 1/2 л сок од портокал, 1 маргарин за колачи, 200 г шеќер во прав, 2 лажици масло, 3 кесички пудинг од ванила.




ЗА ФИЛ: Во ½ литар сок од портокал сварете три пудинзи од ванила, а потоа додајте маргарин, изматен со шеќер и рендана кора од портокал.




Постапка: Секоја кора премачкајте ја со свеж сок од портокал, па потоа секоја кора премачкајте ја со растопено чоколадо / 150 г/ и потоа наполнете ги со фил и наредете ги една врз друга. На крај прелијте со глазура од 100 г чоколадо со две лажици масло. / Coolinarka.com