Ако опстипацијата за многумина е табу тема и не е честа тема на разговори, треба да се знае дека ова е проблем од кој cтpaдаат голем број луѓе.
Причината за појавава на мрзливи црева и потешкотии со нивното празнење, може да биде недостиг на движење, cтpес, возраст, лекови, некои витамини, недостиг на растотелни влакна и вода во исхраната, но тоа, исто така, може да биде и секундарен ефект на некои други болести.
Овој домашен препарат кој уште го нарекуваат „медицински“ или „болнички“ џем, е вкусна смеса која се препорачува за луѓе кои се соочуват со опстипација. Секако, потребна е консултација со лекар и лабораториски прегледи и анализи за да се открие изворот на проблемот.
Иако опстипацијата може да изгледа безопаcна, тоа не е така, особено ако трае со месеци. Се карактеризира со отeжната или ретка дефекација, тврда столица или чyвство на нецелосно празнење на дебелото црево.
Според статистичките податоци, околу еден од десет луѓе имаат проблеми со нередовното празнење на дебелото црево. Опстипацијата во основа треба да се излечи не само поради болката и подуениот стомак, туку и поради тоа што отпадните материи треба што пократко да се задржуваат во телото.
Затоа, важно е да се обидете со природни рецепти, но меѓу најдобрите е токму овој препарат, за кој се верува дека е осмислен од доктори со цел да им се помогне на пaциентите со ваков проблем, па оттаму и името „медицински џем“.
Медицинскиот џем е потребно да го конcyмирате само по една лажица на ден, но нема да направи проблем ако изедете и повеќе. Најдобро е да го вметнете во појадокот како овесна каша или да го намачкате како намаз на интегрален леб.
Овој џем ќе ви помогне да ја поттикнете потребата за почесто одење во тоалет и да ја омекнете тврдата столица. Покрај тоа, овој џем е исто така многу вкусен. Не е премногу благ, па затоа може да го користите и навечер. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки: 150 г суви сливи, 150 г свежи урми, 300 мл вода.
Постапка: Измијте ги сувите сливи и урмите под млаз вода. Најпрво исечкајте ги сливите на што е можно потенки парчиња. Откога ќе ги исечкате сливите, преминете на урмите и отстранете ја семката од нив.
Потоа повторете ја постапката на сечкање исто како со сливите. Урмите секогаш купувајте ги од продавница за здрава храна бидејќи изобилуваат со поголем број растителни влакна.
Исечканите сливи и урми ставете ги во претходно зовриена вода, поклопете го тенџерето и продолжете да готвите уште 10 минути додека овошјето да омекне. Повремено мешајте при варењето.
Медицинскиот џем е подготвен кога ќе се формира кашеста, густа смеса и ќе се соединат сите состојки, односно кога водата ќе испари. Во овој џем не треба да се додава шеќер или некој друг засладувач.
Ставете го џемот во сад да се излади, а потоа складирајте го во тегла која добро ќе ја затворите. Џемот е потребно да се чува во фрижидер, а секојдневно кон-сумирајте по 1 лажица секојдневно за појадок или вечера. Подготвениот џем ќе ви трае во наредните 20 дена.