Ако се мислите како да ги истерате посните денови, а да не јадете постојано 2-3 познати ручеци, направете си го ова ќофте кое нема да ве остави рамнодушни. Без соја и со многу малку масло ќе се заситите од овие ќофтиња кои ќе ги правите и на деновите кога не се пости.
Оние кои не постат исто ќе се се воодушеват од овојј рецепт, а всушност ќофтињата се подготвуваат од бел грав, кој е многу добро приготвен. Ако не постите, може да додадете месо како прилог, но нема потреба. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 700 г бел грав, 1 главица, лук, 1 главица кромид, 1 китка магдонос, 1-2 лажички зачинска црвена пиперка, сол, црн пипер, вегета, 4 лажици презла, 4 стапчиња праз, 100 мл масло.
ПОСТАПКА: На дрвена даска исечкајте ситно една главица кромид, на коцки. Јас преку вечер го потопив гравот во вода (700 г) да кисне. Следниот ден, исцедете ја водата и во гравот додајте го исечканиот кромид. Во тенџерето прелијте со вода до горе и на тивко температура гответе го гравот.
Кога гравот ќе се свари, треба да биде мек за да може да се испасира. Потоа ситно се сечкаат 4 стапчиња праз или на коцки (како повеќе ви одговара), а притоа многу убав изглед дава зелениот дел од празот. Празот се пропржува во малку масло, 150 мл на тивко.
Во меѓувреме, гравот се блендира или се гмечи како пире. Тоа што остана малку вода во него, треба да се процеди и да се испасира во пире. Во гравот додајте го ситно исечканиот магдонос и измешајте. Потоа додајте ги зачините по ваш вкус: црвена слатка пиперка, црн пипер, сол, вегета и 4 лажици презла.
Измешајте ги состојките додека целата смеса да се соедини. Потоа останува да го додадете лукот исечкан на ситно или изгмечен низ преса. Кога ќе ги измешате состојките, дегустирајте малку од смесата за да видите дали сите состојки ви одговараат.
Празот се реди во плех и добро се распоредува на дното, а потоа врз него се редат ќофтињата. Секое ќофте формирајте го со помош на лажица, за сите да ви излезат еднакви, а пред секое формирање, наквасувајте ги прстите во малку вода.
Направете ќофтиња по ваша големина, а ако смесата не е доволно густа, може да додадете повеќе презла. Пред да ги распоредам ќофтињата врз празот, малку ги валкам во презла за да бидат како похувани.
На крајот, правам запршка која ја преливам врз ќофтињата. Се загрева 100 мл масло, потоа се гаси ринглата и се додава 1-2 лажици зачинска црвена пиперка (за да не загори), малку се промешува и смесата се прелива врз ќофтињата.
Ќофтињата се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 20 минути. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.