Капучино колач: Ништо посочно, покремасто и послатко не сте пробале (рецепт).
Колач кој со својата кремаста текстура и комбинација од кафе и сочен крем – ве остава воодушевени. Мек и сочен, се топи во уста.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 8 јајца, 8 лажици шеќер, 4 лажици масло, 9 лажици брашно, 5 г прашок за печиво ( ½ кесичка). ЗА СИРУП: 250 мл вода, 7 лажици шеќер, 5 лажички нес кафе, 2 кесички капучино (уште поубаво ако има со вкус на рум). ЗА ФИЛ: 500 мл слатка павлака, 250 г крем сирење (филаделфија или сл.), 7 лажици шеќер во прав. ЗА ДЕКОРАЦИЈА: 100 г мелени наполитанки.




ПОСТАПКА: Изматете ги пенасто белките, па постепено додавајте шеќер и продолжете со матење додека да добиете цврст и сјаен снег. Потоа додајте ги жолчките и продолжете со матење. На крај додајте просеано брашно измешано со прашок за печиво, па соединете ја смесата полека мешајки со лажица.




Добиената смеса излејте ја плех со димензии 35х25 см обложен со хартија и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени, помеѓу 20 и 25 минути, во зависност од рерната. Проверете со чепкалка.




Испечениот бисквит оставете целосно да излади, а потоа исечете хоризонтално за да се добијат две потенки кори. За сируп: водата и шеќерот ставете ги на оган, оставете кратко да проврие, па тргнете настрана. Додајте го нес кафето и капучиното, промешајте и оставете да излади.




За крем: Изматете ја пенасто слатката павлака, а посебно измешајте го крем сирењето со шеќерот во прав. Потоа соединете го шлагот од слатката павлака и сирењето. Не мешајте премногу, туку колку да се соединат двете состојки.




Со млакиот сируп натопете ја кората и почекајте да впие. Нанесете половина од филот, кора, сируп, фил, а одозгора наросете со мелени наполитанки. Оставете го колачот убаво да излади, па сечете го на коцки и послужете го.

(втор рецепт) Капучино колач, многу вкусен десерт со вкус на кафе – Многу лесен, со крем од ванила, шлаг и нескафе. Фото и рецепт: Линда. Многу фин колач со вкус на кафе, вистински неделен десерт.

Со лесна кора која по желба можете да ја натопите со сварено нескафе, но не мора. Кремот е со вкус на ванила, има и шлаг и нескафе, вистинска освежителна комбинација. Еве кои состојки ви се потребни:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 6 јајца, 150 г шеќер, 150 г брашно, 50 г густин. ЗА КРЕМ: 500 г крем сирење, 400 мл слатка павлака за шлаг, 3-4 лажици шеќер во прав, 1 чајна лажичка нескафе.

ПОСТАПКА: Белките измиксајте ги пенасто со шеќер. Потоа, во снегот додавајте една по една жолчка со постојано матење. Брашното и густинот додајте ги и промешајте ги нежно со лажица. Смесата рамномерно распоредете ја во плех обложен со хартија и ставете да се пече во загреана рерна на 160 степени, околу 40 минути. Кога ќе излади, исечете на три ленти.




Купете крем сирење или направете си го сами од кисела павлака. Од 500 г кисела павлака се добиваат 320 г маскарпоне: Ставете ја павлаката во чиста густа газа, врзете ја во јазол и обесете ја на некој стап да се цеди преку цела ноќ, во фрижидер – и тоа е тоа.

Нескафето растопете го во лажичка топла вода, па додајте го во крем-сирењето и шеќер во прав по желба. Измиксајте ја слатката павлака во шлаг. Сето заедно нежно промешајте го за да се изедначи.

Добиениот крем поделете го на три еднакви делови. Првата кора премачкајте ја со крем и одозгора наросете со обично какао во прав. Поклопете со втора кора, премачкајте со крем, наросете какао, и сè така до крај.

Премачкајте ја и третата кора и ставете го колачот во фрижидер добро се олади и стегне. Доколку сакате, корите можете да ги натопувате со малку сварено кафе, за поинтензивен вкус и поголема сочност. / Coolinarika.com