Годината на секој православен христијанин ја одбележуваат 4 големи поста: велигденскиот, божиќниот, постот на светите апостоли и богородичниот. Во недела почнува богородичниот кој е посветен на духовната подготовка воочи празникот Успение на Пресвета Богородица, Голема Богородица.
Еве по што се истакнува.
Богородичниот пост трае од 14 до 28 август. Најкраток е од четирите големи постови, но и построг од божиќниот и апостолскиот. Поради големото почитување кон Пресвета Богородица верниците овој пост го постат како и Големиот пост.
Постот трае 14. дена, пост на вода и масло, освен празникот Преображение Господово на 19 август, кога е дозволено да се јаде риба. Она што дури и многу верници не го знаат е дека постот на Пресвета Богородица е построг од Божиќниот и Апостолскиот, така што православните христијани, поради нивната голема почит кон Пресвета Богородица, го постат овој пост, како и Велигденскиот пост.
Постот на Пресвета Богородица за првпат беше споменат во списите на Теодор Студит во 826 година, и конечно беше воспоставен на Соборот во Цариград во 1166 година, за време на патријархот Лука Хрисоверг и царот Маноел I Комнин.
Треба да се има предвид дека постот има две страни: физичка и духовна. Постот е апстиненција од храна од животинско потекло. Духовниот пост подразбира откажување од сите видови грешни и зли мисли, желби и дела.
Физичкиот пост е само неопходна помош за успешна дyxовна бopба против cтpacтите, кои се paзгоруваат преку телecни желби. Вистинскиот пост, кој вклучува и физички и дyxовен аспект, на човекот му донесува cмиpyвање.
Оcлободувањето на tмот и телото од погpешни мисли и дела со молитви е суштината на христијанскиот пост. Тоа значи дека сите денови се постат на вода, освен сабота и недела, кога е дозволено да се користи зејтин и вино, а за празникот Преображение, кој паѓа во време на овој пост, се јаде и риба.
Важно е да се знае дека ако Голема Богородица падне во среда и петок, тој ден не се „мрси“, туку се јаде риба, вино и масло. Ова е правилото на постот, но постои едно и традиционално правило кое во свое време и прилики во нешто оправдано, а во нешто неоправдано, толку длабоко има влезено меѓу нашиот народ што дури и го затскрива правилниот пост.
Според него, се пости само првата недела без масло (дури и се прекршува правилото за непостење во саботите и неделите), а потоа се пости со мало, а некои и пак воопшто не постат во тој период и неисповедани се причестуваат. Треба да се внимава, во дадени прилики и така е добро,но ако сакаме да бидеме вистински христијани и веќе го знаеме вистинското правило треба да се потрудиме и да го исполниме.
Треба да нагласиме дека ова е општо правило на Црквата , а на секој му се одредува неговото лично правило со согласност и благослов на духовниот Отец.
Но никој да не мисли дека може самоволно да се разрешува од пост по своја волја, како што има многу случаи кај свештениците и монасите, сами да се разрешуваат од постот, па и мирјаните ги наговараат со зборовите: „Јади кога јас сум разрешил” или, пак, мирјаните сами без причина да се разрешуваат од пост.
Тоа што го одредила Црквата е царски и духовен пат кој води во вечен живот. Оние кои сакаат да постат нека внимаваат да не се натоварат со поголемо бреме од она што Црквата го наредила, оти, ако паднат, нема кој да ги поткрене.
Оние кои никако не постат, нека почнат да постат, ако мислат да се спасат и душата да им влезе во Царството небесно. Но, тие не можат веднаш да го земат целото правило, а потоа, со текот на времето, ќе се трудат, а Господ ќе им помогне да го примат целосното правило, па така по некое време и тие ќе постат уредно.
Во нашиот народ постои обичај грозје да не се јаде до Преобрежение, кога во црквите се дели на народот. Празникот Голема Богородица се смета за празник на жените и мајките. Постот пред Голема Богородица востановен е како би се сеќавале сите на Пресвета Богородица и би ѝ се молеле.