Ова е еден старински рецепт на нашите баби. Тие умееја да направат вистински чуда од малку состојки и секојпат им успеваа. Ова е еден таков рецепт кој го осмислиле нашите баби уште многу одамна, од неколку состојки се замесува смеса од која излегуваат еден куп кифлички.




Овие кифлички се слатки и се приготвуваат со путер, маргарин или џем, па поради тоа имаат долг на траење, а колку подолго стојат дури се и поубави. Многу се меки и мирисни, децата ги обожаваат, а идеални се и за гости. Кога еднаш ќе го испробате овој рецепт, повторно ќе го правите. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 250 г несолен путер, маргарин или маст, 1 прстофат сол, 1 јајце, ситно рендана кора од половина лимон за арома, 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 1 кисела павлака (180 г), половина кесичка прашок за печиво (5 г), 500 г брашно, малку џем од сливи, шеќер во прав за валање на кифличките




ПОСТАПКА: Најпрво оставете го путерот да омекне на собна температура, а потоа пенасто изматете го со миксер. Додајте еден прстофат сол и уште малку изматете. Потоа додајте едно јајце и миксајте додека да се инкорпорира во смесата. Ако е потребно употребете и шпатула после миксањето за да стане компактна целата смеса.




Кога ќе се соединат путерот и јајцето, додајте ги ситно ренданата кора од половина лимон, ванилин шеќерот и киселата павлака. Продолжете да матите со миксер додека да се соединат и овие состојки.




Прашното помешајте го со прашокот за печиво и просејте го (секогаш е најдобро тестото да се просее за да се одбегнат грутчињата). Најпрво мешајте со лажица или шпатула, а потоа тестото замесете го со рака. Многу лесно се соединува и поради путерот е меко и мазно.




Тестото поделете го на два или три дела, а секој дел ставете го во кеса за замрзнување, па одозгора развлечете го со оклагија, во вид на дебела палачинка. Вака спакуваните теста оставете ги во обичен фрижидер да се оладат и стегнат половина час.




Потоа на набрашнета работна површина развлечете тенка кора, со голема чинија исцртајте круг, а кругот исечете го на триаголници. Остатокот од тестото што ќе остане повторно соберете го и размесете го, па сечете го додека целото да се потроши.




Секој триаголник филувајте го со малку џем од сливи (или по избор), свиткајте и наредете во плех обложен со хартија за печење. Кифличките печете ги во загреана рерна на 180 степени 20-25 минути додека само малку да заруменат. Оставете ги целосно да се оладат, а потоа валајте ги во шеќер во прав. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ.