Кремпита со пудинг – необична и брза со преубав вкус. Оваа кремпита е превкусна и малку необична. Постапката за приготвување е едноставна и брза. Изненадете ги своите најблиски со овој вкусен колач.
Во продолжение ви презентираме два кремасти колачи, а вие одберете кој ви е повкусен да си го направите. Првиот рецепт е кремпита со малини и ванила, а вториот рецепт е колач од запечен пудинг со малини. Во продолжение прочитајте ги состојките, а потоа и постапката. Фото и рецепти на „кујната на Силвана“.
ПРВ РЕЦЕПТ ЗА КРЕМПИТА СО МАЛИНИ: ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА КРЕМ: 3 кесички ванилин шеќер, 200 г кристал шеќер, 4 јајца, 140 г густин, 1 литар млеко, 200 г путер, 200 мл неутрална павлака, 2 готови кори. ЗА КРЕМОТ ОД МАЛИНИ: 400 г малини, 100 г шеќер, 50 г густин, 150 мл вода.
ВТОР РЕЦЕПТ, КОЛАЧ, ЗАПЕЧЕН ПУДИНГ СО ЈАГОДИ: ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 100 г кристал шеќер, 70 г путер, 80 г брашно, 250 мл млеко, 200 г јагоди. Ако немате веќе свежи јагоди, бидејќи им помина сезоната, може да користите замрзнати, заедно со друго шумско овошје, или да замените со овошје кое моментално е во сезона, како на пример, капини.
ПОСТАПКА ЗА ПРВИОТ РЕЦЕПТ: Во едно тенџере ставете 3 кесички ванилин шеќер, додајте го 200 г кристал шеќерот, па 4 јајца и 140 г густин. Малку промешајте со жица/маталка, па постепено започнете да додавате 1 литар млеко, додека смесата да стане мазна и еднолична.
Оставете го кремот да се свари еднолично и да добие на густина, со повремено мешање. По зовривање, се вари уште 3-4 минути, па се трга од рингла и се остава да се олади, покриен со проѕирна фолија.
Во една тепсија ставете ги двете готови кори една до друга, или ако не ви ги собира, распоредете во два плеха, одоздола обложени со хартија за печење. Всушност, тоа може да биде и една готова кора, поделена на половина, со коцкаста форма. Големината на плехот прилагодете ја според големината на кората.
Корите малку избоцкајте ги со виљушка и печете ги според упатството додека да добијат златна коричка. Во меѓувреме, во едно тенџере ставете ги мачините и додајте 100 г кристал шеќер со 50 г густин. Измешајте ги состојките и варете на умерен оган додека малините да омекнат и да се формира фин прелив.
Оладениот пудинг кој првично го подготвивте измиксајте го да се разреди, а потоа во него додајте 200 г омекнат путер и соединете. Настрана подгответе 200 г неутрална павлака и повторно соединете со миксерот.
Во сад со флексибилен обрач ставете ја првата кора и одозгора додајте половина од преливот од пудинг. Добро измазнете, а потоа додајте го преливот од малини. Измазнете, па премачкајте со втората половина пудинг, а на крајот додајте ја и втората кора, искршена на трошки.
Ставете во фрижидер да се олади 4-5 часа, а пред послужување, наросете шеќер во прав. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
ПОДГОТОВКА НА ВТОРИОТ РЕЦЕПТ: Во еден подлабок сад ставете 4 јајца, додајте 100 г кристал шеќер и 1 кесичка ванилин шеќер. Измиксајте со миксер додека состојките да се соединат, и јајцата да станат пенасти.
Настрана растопете 70 г путер и додајте го во смесата додека наизменично матите со миксерот. Додајте 80 г брашно, па повторно постепено додавајте 250 мл млеко. Треба да добиете мазна и течна смеса, нешто слично како во првиот рецепт.
Во коцкаст огноотпорен сад распоредете 200 г јагоди, а одозгора прелијте со смесата која ја подготвивте. Печете во претходно загреана рерна на 250 степени, околу 25 минути. Пред послужување, колачот наросете го со шеќер во прав. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.