Сокот од аронија поволно делува на црниот дроб, жолчката, тироидната жлезда, панкреасот итн. Во продолжение прочитајте како најдобро да ја исползувате оваа бобинка и како да го направите еден од најздравите сокови кои го опоравуваат целиот организам.




Аронијата е еден од најздравите видови бобинки. Сокот од ова растение најчесто се користи за лекување на анемија, но одличен е и за лекување на тироидната жлезда, регулирање на работата на панкреасот, чистење на црниот дроб итн.




Се верува дека аронијата влијае на мускулната дегенеpaција на очите, го поттикнува зараснувањето на paните, го забавува cтаpeењето на кожата и телото, го спречува создавањето на бpчки и штити од негативното УВ зpaчење.

НМД.мк




НМД.мк

Како да направите сок од аронија?

Ако правите сами сок, рецептот е многу едноставен. Кога плодот од аронијата е зрел, најдобро е да го спакувате ова овошје во пакување од 1 килограм и да го замрзнете. Доколку е потребно, одмрзнете и направете сок.

НМД.мк




Од 1 кг аронија најчесто добивате околу 700 милилитри сок, а понекогаш и помалку. Замрзнувањето нема да има негативно влијание врз квалитетот на сокот, бидејќи е познато дека аронијата одлично поднесува ниски температури, па по одмрзнувањето ќе стане уште посочна, со повеќе сок отколку кога е свежа.




Одмрзнатата аронија најдобро е да се испасира и процеди или да се помине низ блендер, за да се добие вистинскиот матичен сок или како што другите го нарекуваат ладно цеден сок. Во добиениот сок од аронија не треба да се додаваат никакви конзерванси.

аронија – Тина Хорват




Исто така, се препорачува да се пие без додаток на шеќер или други засладувачи. Може да се чува 24 часа во фрижидер, но се препорачува да се пие истиот ден кога ќе се процеди. Сокот е потребно да се пие голтка по голтка, околу 30-50 мл дневно, најдобро наутро на гладен стомак.




Како исклучителен антиоксиданс, аронијата го спречува создавањето на cлободни paдикали и нивниот „нaпад“ на здравите клетки во телото и кpвната плазма, а со тоа го ycпорува процесот на cтаpeење на организмот и го спречува развојот на хронични заболувања.