Повеќето луѓе летно време сакаат да јадат нешто што ги освежува, со цитрусен вкус или нешто со бобесто овошје. Секако чоколадните торти и колачи и натаму се омилени, но оваа овошна промена е навистина одлична. Колач со лимон без печење.
Маж ми го нарекува лимон чизкејк, и навистина базата е таква, со мелени бисквити. Интересно е што одозгора се става крем од ванила и лимон и всушност на вкус делува како пудинг. Нема желатин, затоа е многу убав. Еве што ви е потребно:
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ за основа: 300 г бисквити или плазма, околу 200 г растопен путер или по потреба (во оригиналниот рецепт – 200 г буро). За фил: кора од еден лимон, 1 јајце, 4 големи лажици шеќер, 6 големи лажици нишесте/густин (скроб), 1 литар млеко, 125 г ванила јогурт или грчки јогурт + една кесичка ванилин шеќер, сок од еден лимон, рендан кокос.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете ја плазмата, или ако користите бисквити, прво сомелете ги во прав, а потоа ставете ги во подлабок сад каде што треба да ги прелиете со 200 г растопен путер.
Со повремено додавање и мешање, направете компактна смеса која лесно ќе се соединува при мешање, со конзистенција на влажен песок. За цитрусен вкус може да користите: 300 г мелена плазма, 125 г растопен путер, 1 лажица мед и сок од половина портокал.

![]()
![]()
![]()
![]()
Во калап со пречник од 31 см излејте ја смесата и убаво распоредете ја низ целиот калап. Јас користев калап со брановидни рабови, така што смесата ја издигнав во нив, а на површината во средина си остана повдлабнато. Целиот калап сосе смесата ставете го во фрижидер да се стегне додека го подготвувате кремот.

![]()
![]()
![]()
![]()

Во 1 литар млеко ставете ја лимоновата кора (претходно истретирана со сода бикарбона) и ставете да врие. Кога млекото ќе зоврие, со цедалка извадете ги лушпите. Во еден подлабок сад ставете 1 јајце и убаво изматете го со виљушка.





Во него додајте 4 големи лажици шеќер и 6 големи лажици скроб. Соединете ги состојките со жица, а потоа додајте го ванилиниот јогурт или цврст јогурт помешан со 1 кесичка ванилин шеќер. Соединете додека да добиете конзистентност како смеса за палачинки.

![]()
![]()
![]()
![]()
Во оваа смеса излејте го топлото млеко, со повремено додавање, непрекинато мешајќи ја смесата. Кога ќе го соедините целото млеко, вратете го во тенџерето каде што првично зовриваше и гответе додека да добие на густина како крем/пудинг.

![]()
![]()
![]()
![]()
Пред крајот додајте сок од еден лимон и фино измешајте. За впечатлив изглед како лимон може да додадете и малку жолта готварска боја или малку куркума (секако ова е опционално). Вака подготвен кремот се излева врз кората од бисквити.

![]()
![]()
![]()
![]()
Целата торта се враќа во фрижидер да отстои минимум 3 часа пред да се послужи. После тоа може да ја декорирате со мелен кокос. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.































