Ручекот со месо е секогаш заситен, па затоа и многу луѓе практикуваат постојано да го јадат за да ги внесат потребните нутривни својства.
Во комбинација со зеленчук, а особено кога е зачинето и потпечено, е за мерак. Во продолжение прочитајте го германскиот рецепт за ручек кој е вкусен и здрав:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 5 пилешки бедpа/батаци, 2 лажици масло, зачини како сол, црн пипер, оригано, 30 г путер, 1 главица кромид, 3 моркови, 4-5 компири, 4 чешниња лук, еден грст магдонос. ЗА СОС: 90 мл мед, 3 лажици соја сос, 100 мл доматен сос или паста од домати, 4-5 лажици сенф, 2 лажици сок од лимон.
ПОСТАПКА: Земете 5 пилешки бедpа/батаци со коска и зачинете ги со сол, црн пипер и оригано. Зачините додавајте ги по вкус, колку што вам ви е доволно. На 30 г путер (една коцка) ставете да се растопи на рингла, па во неа пржете го пилешкото месо од двете страни, додека да фатат убава коричка.
Кога месото ќе добие златнокафеава боја, извадете го од тавчето за пржење и додајте уште малку масло ако целото ви се апсорбирало во месото. Потоа, ситно на коцки исечкајте 1 главица кромид и ставете да се пржи во загреаното масло на умерена температура.
Кога кромидот ќе застакли и омекне, додајте ситно сечкан морков, а потоа и компирите исечкани на коцки. Малку посолете по вкус. Пржете околу 8 минути на средна топлина, со повремено мешање на секои 2 минути. По изминатото време додајте ситно сечкани чешниња лук и оставете да се пропржат уште малку.
Пред крајот ситно исечкајте грст магдонос и додајте го во пржениот зеленчук. Измешајте и соединете ги состојките, а потоа префрлете ги во тава за печење, а одозгора наредете ги пилешките меса.
ЗА СОСОТ: Во тавчето каде што ги пржевте зеленчуците додајте 90 г мед, и почекајте да се растопи на тивко. Кога медот ќе се разлее, додајте 3 лажици соја сос, а веднаш потоа и 100 мл доматен сос или паста од домати. Додајте и 4-5 лажици сенф.
Пржете го сосот да зоврие и потоа дистајте уште 2 минути. На крајот додајте 2 лажици сок од лимон и измешајте. Подготвениот сос прелијте го врз месото и ставете да се пече на 200 степени, околу 25-35 минути.
Додека се печат пилешките батаци и компирите, подгответе си вкусна салата. Од 100 г зелена салата, 1 краставица, 200 г домати исечкани на половина, 1 авокадо по желба, 125 г моцарела, малку магдонос и сол и црн пипер.
Исцедете 2 лажици сок од лимон и додајте 2-3 лажици маслиново масло.
Салатата измешајте ја и изедете ја пред ручекот или вечерата. Ова е оригиналниот рецепт кој се комбинира со салата. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.