Ако сакате на вашите дечиња да им ја пренесете десертната традиција од вашето детство, тогаш редно е да им го направите овој колач. Се јадеше кај нашите баби кога ќе отидевме кај нив на гости, па дури се служеше и на разни прослави.




Најпрво, јајцата и путерот ставете ги да се стоплат на собна температура, минимум 1 час пред да почнете со подготовката на колачот. Потоа спремете си ги и останатите состојки кои може да ги прочитате во продолжение:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 8 јајца, 250 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 150 г путер, 5 лажици мелени бисквити, 6 лажици рум, 200 г семе од афион (мак), кора од еден портокал, 5 лажици џем од кајсии, 100 г чоколадо, 3 лажици масло.




ПОСТАПКА: Во два различни садови одделете ги жолчките од белките. Во белките додајте 250 г шеќер и 1 кесичка ванилин шеќер, па пенасто изматете ги со миксер додека да станат пенасти и шеќерот да се растопи во белките.

одвојте ги во посебни садови белките од жолчките




Посебно изматете ги жолчките, па додајте 150 г полурастопен путер. Соединете ги сите состојки, па додајте 5 лажици мелени бисквити со 3 лажици рум. Може да преминете на мешање со шпатула.




Кога ќе ги вметнете бисквитите во смесата и ќе ги соедините, додајте го макот и промешајте. Потоа изрендајте кора од еден портокал за колачот да ја добие таа прекрасна цитрусна арома. Во овие состојки додајте ја пената од белки и инкорпорирајте ги двете смеси. Мешајте полека со лажица.




Колачот излејте го во калап со флексибилен обрач, обложен со хартија за печење и израмнете го одозгора. Печете во претходно загреана рерна на 170 степени, околу 30-35 минути, а по изминатото време проверете ја внатрешноста дали е испечена со чепкалка.




Настрана загрејте малку 3 лажици рум со 5 лажици џем од кајсии (или каков сакате), па излејте врз печениот колач. На крајот колачот завршете го со чоколадна глазура која ќе ја направите со растопување на чоколадото со малку масло.




Колачот е најубав доколку се остави целосно да олади, и се послужи наредниот ден, но ако немате трпение може да го јадете и млак, ќе се вратите во детството. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.