Верувам дека многумина од вас слушнале за оваа пита и многумина ја пробале. Всушност таа е најевтината пита на светот. Едноставно е неверојатно нешто да има толку божествен вкус со буквално минимум состојки.




Не поминувајте го овој рецепт без да го пробате бидејќи нема некој што го пробал и не му се допаднал. Во некои краеви се нарекува филија, а во некои и масленица. Интересно е тоа што за оваа пита не треба месење, само се прави смеса од неколку состојки која личи на палачинки.




Рецептот може да го правите во 2 варијанти, со 2 јајца или без јајца (посна). Доколку постите, може да ја прочитате втората варијанта што е без јајца, а слоевите да ги премачкувате со посен путер (маргарин).

ПРВА ВАРИЈАНТА СО ЈАЈЦА. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 700 мл вода, 0,5 кг брашно – тип 400, 1,5-2 лажици сол, 400 г кајмак или путер/маргарин, масло за премачкување.




ПОСТАПКА: Во подлабок сад скршете 3 јајца и разматете ги пенасто со миксер. Кога ќе ги изматите, постепено и наизменично започнете да додавате помалку од водата, па од брашното и така сè додека да добиете мазна и течна смеса која многу личи на онаа за палачинки.




Потребно е да додадете околу половина килограм брашно и 700 мл вода на собна температура. Во едноличната смеса додајте 1,5 или 2 мали лажици сол. Кога ќе ја добиете посакуваната густина, започнете со подготвување.

Рерната вклучете ја да се загрее на најсилен оган, тоа е веројатно некаде околу 220 степени, а металната решетка ставете ја најгоре. Во една челична тава што не лепи, тава без пластични елементи и излејте една кутлача во неа, претходно загреана во рерната заедно со малку масло.




Масленицата се става на печење отприлика 5-6 минути, може и помалку ако ви е јака рерната, се пече додека да фати коричка одозгора, затоа е потребно повремено да ја проверувате. Кога ќе се направи убава фина кора, извадете од рерна и премачкајте со кајмак или путер.




Одозгора се реди втора кутлача, се разлева низ целиот калап и повторно исто се пече. На истиот начин со премачкување и поливање се прави додека да го потрошите материјалот од целата течност (смеса). Нема да ви одземе долго време, всушност е слично како да пржите палачинки. Еве ја и втората варијанта:




ВТОРА ВАРИЈАНТА. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 700 г брашно, 3 лажички сол, 1 литар вода, 200 г посен путер за премачкување. Постапката на подготвување може да ја следите во погоре опишаниот рецепт, без додавање на јајцата.




Вкупното печење на масленицата ќе ви одземе околу 40 минути. Всушност масленицата правилно се подготвува во сач, но во домашни услови најдобро користи челичната тава без пластични елементи. Деталите од целата постапка на првиот рецепт може да ја прочитате ОВДЕ, а за вториот (посен) рецепт ОВДЕ.