Ако сакате нешто брзо и лесно за појадок или вечера, овие уштипци ви се секогаш на располагање. Рецептот е многу лесен и едноставен, всушност за тестото ви се потребни само 4 состојки, не ви требаат јајца, ниту квасец.
Уштипците излегуваат одлични, како да не се пржеле во масло, па затоа многу ги бараат дома. Ги комбинираме со сиренце, ајвар, може и со сувомеснато, но и без ништо да ги јадете се многу вкусни и во текот на целиот ден остануваат меки како свежо да се подготвени.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2,5 чаши брашно (околу 300 г), 1 чаша млеко (од 200 мл), 1 кесичка прашок за печиво, 1 мала лажичка сол. И уште ќе ви биде потребно: масло за пржење и 1 белка од јајце.
![]()
![]()
![]()
![]()
ПОСТАПКА: Во еден подлабок сад ставете 200 мл топло млеко, минимум 1 час отстојано на собна температура, да не биде директно ставено од фрижидер. Во млекото додајте 1 кесичка прашок за печиво (може и сода бикарбона), а потоа додајте 1 мала лажичка сол.

![]()
![]()
![]()
![]()
Измешајте ги состојките со шпатула додека прашокот за печиво да се раствори во млекото. Потоа постепено започнете да го додавате брашното додека го замесувате тестото, најпрво со шпатулата додека можете, а потоа преминете на месење со рака.
![]()
![]()
![]()
![]()
Формирајте меко и фино тесто кое целото ќе биде мазно и нема да се распаѓа. За него ќе ви биде потребно да го месите околу 5 минути. Доколку тестото ви се лепи на рацете може да додадете 1 голема лажица масло.





Замесеното тесто префрлете го на рамна набрашнета површина и од него формирајте валјак кој треба да биде подебел. Потоа од валјакот се сечат 10 еднакви делови и секој дел се формира во топче. Топчињата се оставаат на набрашнетата површина додека се замесува едно по едно, пожелно е останатите да ги покриете со проѕирна фолија за да не се сушат.

![]()
![]()
![]()
![]()
Секое топче развлечете го со оклагија во тенок круг. На средина може да ги филувате со нешто по ваш избор, но искрено и не мора, бидејќи тестото е многу вкусно и шупливо. Јас половина ги филувам, а половина ги оставам шупливи.

![]()
![]()
![]()
![]()
Филуваните ги полнам со дробено бело сирење, ставам 1-2 мали лажички, а потоа краевите ги премачкувам со белка од јајце за да можам да ги залепам и преклопам како панцероти. На истиот начин се подготвуваат и шупливите уштипци, со единствена разлика што не се полнат.

![]()
![]()
![]()
![]()
Уштипците се пржат во длабоко загреано масло, прво од едната, а потоа од другата страна, додека убаво да заруменат, по неколку минути. Потоа се вадат и се оставаат малку да се исцедат на чинија обложена со хартија. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.
































