Рецепти за крофни има навистина многу, затоа што едни од најомилените закуски. Вкусни се и топли и ладни, пол нети со лешников крем, со пудинг или џем, па дури и наросени само со шеќер во прав…Овојпат испробајте го новиот рецепт за крофни меки како памук, иако се подготвуваат само со едно јајце. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 мл млака вода, 1 супена лажица сув квасец (1 кесичка од 10-12 г), 1 јајце, 2 супени лажици шеќер, 2 супени лажици масло, рендана кора од портокал, 330 г брашно, 1 мала лажичка сол, мала коцка путер. За фил: џем од кајсии




ПОСТАПКА: Квасецот растворете го во млака вода, промешајте добро и оставете 10-тина минути на топло место да се активира. Во еден подлабок сад скршете го јајцето кое претходно отстојало на собна температура (да не е ладно од фрижидер).




Во јајцето додајте го шеќерот, ситно рендана кора од портокал (претходно измиен со сода бикарбона) и масло, па со виљушка сето соединатете го до изедначување. Додајте го активираниот квасец и повторно промешајте.




Потоа постепено додајте го брашното помешано со солта. На почетокот мешајте со лажица или шпатула додека брашното да ја впие течноста, а потоа месењето продолжете го со рака. Кога ќе се формира тестото одозгора премачкајте го со малку путер.




Уште еднаш премесете го, па покријте го со фолија и оставете да стасува еден час во топла просторија без провев (потребно е добро да ферментира тестото и да го удвои волуменот). Стасаното тесто истресете го на малку набрашнета работна површина.




Развлечете го со оклагија во голема кора со дебелина од 1 см. Со калап или чаша вадете ги крофните, па редете ги на некоја тацна. Покријте ги со чиста крпа за да не се сушат и оставете ги да „одморат“ половина час.




Потоа спуштајте ги во длабоко масло загреано на умерена температура и пржете ги додека од двете страни убаво да заруменат. Вадете ги врз чинија обложена со хартиена салветка, а после 15-тина минути кога ќе подизладат полнете ги со џем или по вкус. Деталите погледнете ги ОВДЕ.