Домашното чоколадо е многу поздраво од купечкото, а еднакво е вкусно, па доколку го направите со мерак, е тогаш е вистинско задоволство. Ќе ви претставиме една варијанта за приготвување на чоколадото, а по вкус може да додавате или да одземате од состојките. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 супени лажици кокосово масло, 2 супени лажици органско какао во прав, 3 супени лажици мед. ДОДАТОЦИ: мелени кекси, кокос, лешници (по желба може да се додава и микс од различни јаткасти плодови, како ореви, бадеми, кикирики, лешници…)
ПОСТАПКА: Растопете го кокосовото масло доколку е стврднато како маст, па во него додајте го медот и какаото. Гответе на пареа или на многу тивка температура, непрекинато мешајќи додека сите состојки да се соединат и да нема грутчиња.
После приближно 3-5 минути готвење, смесата излејте ја врз хартија за печење или алуминимска фолија и одозгора наросете со мелени или кршени кекси и кокосови снегулки. По желба можете да додавате и додатоци како што се суво овошје, лешници или нешто по ваш вкус. За бела варијанта:
Доколку сакате чоколадото да го направите шарено „бело-кафеаво“, тогаш користете го истиот рецепт, но наместо какао користете ситно сомелено кокосово брашно. А еве како да приготвите „црно чоколадо“ со брусница, ова е најдобриот рецепт досега, без лактоза и без шеќер, одличен за сите кои се на диета:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 112 г какао путер, 40 г незасладен какао прав, 1 прстофат сол, стевија или еритритол или засладувач по желба – количина по вкус, 1 мала лажичка екстракт од ванила без шеќер или вистинска ванила од срцевината на мешунката. ДОДАТОЦИ: 2 полни лажици сечкана брусница, 1 полна лажица незасладен кикирики путер, листови од бадем и арома од портокал, сечкани јаткасти плодови по избор
ПОСТАПКА: На пареа растопете го какао путерот кој можете да го најдете во продавница за здрава храна или во некој подобро снабден супермаркет. Тргнете го од оган и оставете го 2 минути да отстои.
Потоа додајте прстофат сол, ванила, просеано какао во прав и засладувач до посакуваната блажина. Во оригиналниот рецепт пишуваше 50 г еритритол. Смесата кратко гответе ја на пареа. Доколку не додавате ништо друго, смесата изтресете ја во силиконски калапчиња поставени на тацна за полесно префрлање во фрижидер.
Оставете ги најпрво да се стврднат на собна температура, а потоа извадете ги од модлите и чувајте ги во фрижидер во некој затворен сад. Додатоците се секако по желба и се додаваат додека смесата е топла и додека е сè уште на оган. На здравје сладење!